Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

22.8 C
Skopje
Friday, July 1, 2022

More
    домаАгро ВестиJуницата Пош Спајс е продадена за рекордна сума

    Jуницата Пош Спајс е продадена за рекордна сума

    Пош Спајс јуницата од расата Лимузин одгледана во Англија се продаде за 262.000 фунти. Ова е двојно повеќе од претходниот рекорд.

    Крава по име Пош Спајс, прекарот на модната дизајнерка Викторија Бекам од британскиот женски поп бенд Spice Girls, се продаде за 262.000 фунти, на аукција во Карлајл, Англија.

    Нејзиното целосно име е Вилодџ Пошспајс и е раса Шиушир Лимузин. Одгледувана е на фарма Лоџ Хил и беше во сопственост на Кристин Вилијамс .

    „ Оваа продажба е слична на добивањето на лотарија, а износот е неверојатен “, изјави за Би-Би-Си  одгледувачка која основала стадо со нејзиниот покоен татко. Таа додаде дека нејзината јуница е паметна и елегантна, а високата цена ја припишува на одреден фактор Х.

    Нејзината мајка исто така беше везда

    Имено, оваа сума е рекордна за расата Лимузин и двојно поголема од претходната европска и британска. Таа е потомок на веќе наградувано говедо, а нејзината мајка е Милбрук Џинџерспајс  – исто така именувана по пејачка од групата , и токму таа го држеше претходниот рекорд поставен во 2014 година.

    ” Таа беше феноменална и веднаш знаевме штом Пош Спајс се отели дека и таа ќе биде згодна јуница. Се вљубив во неа штом ја видов “, заклучи Вилијамс.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img