Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

24.8 C
Skopje
Wednesday, July 6, 2022

More
    домаАгро ВестиПродажба на пиво: Катастрофален пад во Британија

    Продажба на пиво: Катастрофален пад во Британија

    Продажба на пиво во британските пабови минатата година падна на најниско ниво од 1920 година. Падот се должи на долготрајните и остри ограничувања воведени од владата во Лондон, поради ширењето на корона вирусот.

    Вкупната продажба на пиво се намали за 56 проценти во 2020 година, на 6,1 милијарди фунти, што е за 7,8 милијарди помалку отколку во 2019 година.

    Бројките се според студијата објавена од Здружението на британски пивари и сопственици на пабови. Се наведува дека тоа е најниската продадена количина на пиво во последните 100 години.

    Овие податоци за прометот на пивото беа објавени во време кога британскиот министер за финансии Риши Сунак се соочува со зголемен притисок да преземе нешто и да спречи бран на затворање на компании во услужниот сектор.

    Овој сектор се смета дека е од витално значење за заздравување на британската економија по укинувањето на рестриктивните мерки.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Временска прогноза следните три дена
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Зелена зеленчукова Стеница (Nezara viridula)
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img