Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро ВестиСветски рекорд: Трактор паркиран на 12 шишиња пиво

    Светски рекорд: Трактор паркиран на 12 шишиња пиво

    petel baner

    Фармери од Германија поставија светски рекорд со паркирање на трактор со осум тони на 12 празни шишиња пиво. Како изгледаше тоа?

    На југот на Германија, поточно во срцето на Баварија, се наоѓа општината Mallersdorf-Pfaffenberg, од каде доаѓаат земјоделецот Стефан Петке и неговиот син Фабијан Шремпф,  кои се одлучија за необичен потфат. Имено, тие се обидоа да освојат светски рекорд во паркирање трактор на празни шишиња пиво.

    Agrobot

    Тие се обидоа да го стават своето возило Deutz- Fahr, тешко осум тони, на 12 празни шишиња. Но, како да не им беше доволно, тие исто така поставија временско ограничување од три минути.

    Како прво, четворицата учесници во дворот на семејната куќа поставија своевидна рампа направена од дебели греди , со три шишиња меѓу нив. Тие ставија штици под и врз нив, само колку да може тркалото да застане.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Тие цело време имаа заштитни визири на главата во случај шишињата да пукнат под огромната тежина на тракторот.  

    Откако младиот возач маневрираше цела минута со доведување на тракторот на гредите, следуваше нивно внимателно отстранување. Следуваше вистинско изненадување. Монструозните тркала стоеја на стаклени шишиња, а во исто време, таткото и синот поставија рекорд за кој добија признание од Германскиот институт за рекорди (Rekord-Institut für Deutschland).

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img