Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро ВестиБил Гејтс промовира синтетичко говедско месо

    Бил Гејтс промовира синтетичко говедско месо

    petel baner

    Мислам дека сите богати земји треба да преминат на 100 процентно синтетичко говедско месо. Може да се навикнете на поинаков вкус, и со текот на времето ќе се подобрува, тврди Бил Гејтс.

    Бил Гејтс неодамна изјави дека верува оти богатите земји ќе помогнат во глобалната борба против климатските промени. Ова би се случило со замена на говедското со синтетичко месо. Значи, оние од лабораторија или растителна замена.

    Otkup na kompiri

    Во неодамнешното интервју за MIT Tech , тој дискутираше за неговата нова книга „Како да се избегне климатска катастрофа“, со посебен фокус на технолошките решенија. Потоа се осврна на земјоделството, односно на добитокот, велејќи дека одгледувањето стока предизвикува високи емисии на метан.

    Тој објаснува дека ова е неизбежно кај овој вид одгледување стока. Бактериите што го испуштаат овој гас се едноставно неизбежни при варењето на преживарите. „ Се плашам дека тука нема друг пристап и дека алтернативите во вид на растителни плескавици и синтетичко месо ќе бидат единственото решение, барем кога станува збор за сточарството “, рече тој. 

    Тој признава дека не знае дали оваа исхрана ќе биде економична, особено во помалку богатите земји. Сепак, тој смета дека ограничувањето на одгледувањето стока би било лош политички пристап.  

    Дали растителното или лабораториско месо може да биде целосно решение?

    На прашањето дали растителното или лабораториско месо може да биде целосно решение за глобалниот проблем со протеините, тој рече не и дека ќе бидат потребни години следење. Но, исто така, дека благосостојбата на растителните протеини е вредна промена во пристапот кон производство и потрошувачка на храна. Овој деловен тајкун предупредува дека најсиромашните 80 земји во светот нема да можат да јадат синтетичко месо. Ова е дноставно затоа што тоа ќе биде прескапо за нив. 

    agrounik

    ” Мислам дека сите богати земји треба да се префрлат на 100 процентно синтетичко говедско месо. Може да се навикнете на различниот вкус и ќе се подобрува со текот на времето “, додаде тој. Тој самиот вклучи ваква диета во своето мени. Ги повика и другите да го сторат истото – се со цел зачувување на планетата.

    Што се однесува до Африка и посиромашните земји, решението го гледа во генетиката, што, како што тврди, може да го зголеми количеството говедско месо со што помалку емисии.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Треба да се напомене дека Гејтс беше инвеститор или лично или преку Breakthrough Energy Ventures во неколку компании, вклучувајќи ги и Beyond Meats ,  Impossible Foods  (вегански хамбургери) и  Мемфис Месс (синтетичко месо).

    Меѓу другото, Бил Гејтс во ова интервју рече дека решението за климатските промени не го гледа во садење дрвја, туку во чисти технологии. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img