Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро советиКако да се ослободите од кртовите во градините?

    Како да се ослободите од кртовите во градините?

    petel baner

    Ако сте забележале куп земја во вашата градина, двор или овоштарник, нема сомнение дека станува збор за крт. Првото нешто што ви паѓа на ум е како да се ослободите од кртовите? Пронајдете го одговорот на ова прашање во остатокот од текстот.

    Во потрага по храна (црви, ларви, инсекти), кртовите копаат тунели во земјата во текот на целата година. Често се случува овие тунели да се користат само еднаш. Но, повторно, прашањето е, дали и колку кртовите се навистина штетни?

    Уништување на кртови не е секогаш потребно, бидејќи тие не јадат растенија. Но, нивните тунели можат да создадат проблеми, бидејќи со копање тунели во земјата, тие фрлаат голема количина почва на површината и со тоа предизвикуваат оштетување на кореновиот систем. И на тој начин тие го препречуваат растот на растенијата. Кртовите, од друга страна, се корисни бидејќи ги намалуваат штетниците во почвата и ја аерираат почвата.

    Како да се ослободите од кртовите
    Како да се ослободите од кртовите?

    Како да се уништат кртовите?

    Постојат многу природни и еколошки препарати достапни на пазарот кои можат да ви помогнат да ја одбиете оваа напаст. Многу од овие природни методи не се толку ефикасни како некои хемиски, но секако природните се секогаш побезбедни и не и штетат на почвата.

    Agrobot

    Најефективниот и најсигурен метод за контрола на овие непријатели се стапиците. Кртовите стапици треба да се постават во рана пролет, кога првпат ќе ги забележите тунелите или по првите есенски дождови.

    Рицинусово масло делува како репелент за кртови. Се применува веднаш штом ќе се прикажат тунелите во градините. Измешајте три лажици масло со 1 литар вода и истурете го во дупката. Мирисот на рицинусово масло ќе ги одбие кртовите.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Бозелот е уште еден препарат кој помага во отстранување на кртови. Во пластичен сад ставете листови бозел, додајте вода и оставете ги 3-4 дена на сонце. Процедете и разредете со вода, сооднос 1:5. Наводнете ја почвата неколку пати и кртот ќе исчезне.

    Факт е дека кртот поретко населува обработливо земјиште, бидејќи растреситото земјиште не е интересно за кртовите.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img