Во Австралија е пронајден овен, изгладнет и болен обраснат со 35 килограми волна. Поради густината и тежината на волната едвај гледал и тешко се движел.
Овенот го добил името Барак и бил пронајден во шума, пишува Гардијан.
Активист од организацијата за заштита на животните изјави дека се чини дека Барак некогаш бил во сопственост на некого и дека тој потоа избегал.
Тој посочи дека мерино овците мора да се стрижат најмалку еднаш годишно, бидејќи нивната волна продолжува да расте.
Волната му создала големи проблеми на овој пронајден овен, бидејќи му беше тешко да се движи и тој едвај гледаше.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.