Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

More
    домаАгро советиСадници во кутии за јајца - додајте им талог од кафе

    Садници во кутии за јајца – додајте им талог од кафе

    Садници во кутии за јајца. Потребни ви се само ножици, малку земја, сув талог од кафе, семиња, водоотпорна подлога и секако, картонски кутии од јајца.

    Наместо да купувате саксии за садници, можете да посеете семе и во кутии со јајца. Одлични се за хоби-градинари кои сакаат да заштедат пари и да ја зачуваат животната средина.

    Талогот од кафе е богат извор на азот, калиум, магнезиум и фосфор. Многу градинари сметаат дека е корисен, природен и ефикасен начин за стимулирање на растот на растенијата без употреба на хемикалии и пестициди. Покрај тоа, оваа комбинација помага и во одржување на високо ниво на влажност.

    Како се сее?

    Но, да се вратиме на сеење зеленчук. Потребни ви се само ножици, малку супстрат, сув талог од кафе каде треба да внимавате да не содржи вештачки засладувачи и млеко, потоа семиња, водоотпорна подлога и секако картонски кутии со јајца.

    Прво измешајте го талогот и почвата во еднакви размери . Потоа исечете ги кутиите за да добиете мали чинии. 

    Чашката направена од кутијата треба да се наполни на половина со мешавина од почва и талог од кафе. Потоа се става семето. Длабочината на сеидба означена на пакувањето од зеленчукот мора да се земе предвид. Бидејќи нема да никнат сите, посејте две семиња од поголем зеленчук во една чаша, како тикви, домати, пиперки, зелка, краставици и слично.  

    Откако ќе го посеете семето, покријте го со тенок слој од мешавина од талог и земја, без да го притиснете . Наместете ги исечените контејнери од кутијата на водоотпорна основа како подлабок послужавник, пластика или сличен сад. Додадете вода директно во тој контејнер, и картонските чаши ќе го впијат колку што е потребно и ќе ги одржат семињата влажни. Треба да се напомене дека е важно внимателно да се одржи нивото на водата на дното, така што картонот не се распадне.

    Садници во кутии
    Садници во кутии за јајца

    Садниците треба да се чуваат на сончево и топло место, а покрај овој метод некои градинари ги сеат своите растенија во празни лушпи од јајца  кои потоа ги ставаат во наведените саксии.

    Коренот на растението веројатно ќе ги надрасне чашите пред да бидат подготвени за садење надвор. Потоа едноставно засадете ги заедно со картонот во поголем сад, или, ако дозволуваат временските услови, на постојано место.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber. 

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img