Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, December 1, 2022

More
    домаАгро советиБактериска дамкавост на листовите кај пиперката

    Бактериска дамкавост на листовите кај пиперката

    Бактериска дамкавост на листовите кај пиперката – Xanthomonas campestris pv. vesicatoria

    Опис: Паразитот ги напаѓа сите надземни делови на растението.

    На листовите се развиваат влажни маслени дамки со неправилен облик. Потоа дамките се зголемуваат и стануваат кафеави.

    Листовите станувааат кожести, пожолтуваат, некрозираат и изумираат.

    Слични промени настануваат и на стеблото, посебно на врвните делови. Кај плодовите од пиперка се јавуваат повеќе или помалку пликови, кои честопати пукаат, поцрнуваат и плодовите изгледаат како крастави. А ако пликовите не пукнат, остануваат испапчени црни рани.

    Штетни последици прави со опаѓањето на листовите, што доведува до намалување на приносот. Патогенот најинтензивен развој има при температура од 300C. Се инактивира на температура од 560C.

    Влажното и топло време го помагаат развојот и ширењето на патогенот.

    Се одржува во заразено семе, се пренесува главно преку семето и заразен расад.

    Основна мерка во заштитата на пиперката од Бактериска дамкавост на листовите кај пиперката – Xanthomonas campestris pv. vesicatoria е употреба на здраво семе за производство на расад, дезинфекција на семето, уништување на растителните остатоци.

    Овие препарати се користат за сузбивање на оваа болест:

    HAMP FORMULA 2FL

    FUNGURAN-OH 50 WP

    ACROBAT MZ WG

    BAKAREN DITHANE

    DITHANE NEOTEC

    DITHANE NEOTECH

    ELECTIS 75 WG

    FANTIC M WG

    GALBEN M

    GALBEN M

    GOLDFIX 80 WP

    MANFIL 75 WG

    MANFIL 80 WP

    MANKOGAL 80

    MANKOZEB 80 WP

    MANKOZEB R

    MANKOZEB R GOLD

    MICEXANIL

    PENNCOZEB WG

    PRIMAT 80 WP

    PROFILUX

    RIDOMIL MZ 72-WP

    RIDOSAN 72 WP

    CABRIO TOP

    ENERVIN

    POLIRAM DF

    ANTRACOL COMBI

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img