Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

24.8 C
Skopje
Wednesday, July 6, 2022

More
    домаАгро ВестиДали замрзната храна го пренесува вирусот?

    Дали замрзната храна го пренесува вирусот?

    Само оскудни податоци укажуваат на тоа дека замрзната храна може да доведе до инфекција со корона. Истражувачите од Светската здравствена организација (СЗО) кои бараат потекло на вирусот, велат дека тоа сепак бара истрага, пишува CNET.

    Во кинескиот град Чингдау се појави група случаи на инфекција со овој вирус во октомври 2020 година. Истрагата дојде до двајца пристанишни работници кои беа први заразени. Не е утврдено како се заразиле работниците. Кинескиот Центар за контрола на болести (ЦДЦ) открил генетски траги од вирусот САРС-КоВ-2 предизвикани од Ковид-19, на пакувањето на увезениот замрзнат бакалар во тоа пристаниште.

    Не е наведено ниту од каде е увезена рибата. Кинеската служба во октомври објави дека „докажала“ дека контактот со контаминирана амбалажа може да доведе до болести.

    Санитарните власти во другите делови на светот заклучија порано дека има малку или воопшто нема докази дека вирусот САРС-КоВ-2 може да се пренесе на пакувањето од храната.

    замрзната храна

    Двете првични теории за настанување на вирусот

    Во текот на изминатата година, се појавија две теории кои го објаснуваат појавувањето на Ковид-19 во Вухан во декември 2019 година.

    Едната вели дека вирусот потекнува природно. Се пренел од лилјак на човек, веројатно преку некои животни посредници. Другата теорија сугерира дека вирусот може случајно излегол од лабораторија во тој кинески град и се проширил низ популацијата.

    СЗО и кинеските истражувачи во февруари ги посетија пазарите и лабораториите во Вухан за да ги утврдат фактите.

    Тие сугерираат дека првата теорија за потеклото на вирусот е најверојатна. Додека, истекувањето на вирусот од лабораторија е одбиено како „крајно неверојатно“.

    Но, тие исто така понудија алтернативна теорија за избувнување на епидемијата.

    Замрзната храна или замрзнати животни увезени во Вухан и продадени на пазарите, од каде сè започна и прерасна во пандемија.

    Данецот Питер Карим Бен Ембарек, експерт за безбедност на храна и водач на тимот на СЗО, на прес-конференција на 9 февруари рече дека би било „интересно да се испита“ дали заразено, замрзнато животно може да го донесе вирусот на пазарот .

    Сепак, рече тој, “потребна е многу работа за да се утврдат патиштата преку кои се пренесува”.

    Нудејќи ја оваа алтернативна теорија, истражувачкиот тим на СЗО премолчено ја поддржа контроверзната хипотеза, која во Кина станува се посилна со месеци. Локалните државни медиуми први известија за мали епидемии предизвикани од храна и пакување храна во јули 2020 година. Ова доведе до повлекување на замрзнатиот лосос од продажба. Во август Кина рече дека вирусот е пронајден и на амбалажата од ракчиња од Еквадор, иако тоа не предизвика инфекција.

    Истакнатите кинески научници всушност ја поддржуваат претпоставката дека пандемијата започнала надвор од Кина. Тоа може да биде начин да се префрли вината од Кина и нејзиниот првичен начин на справување со пандемијата, пишува CNET.

    Вирусот може да преживее до -20 C

    Истражувачите докажаа дека вирусот САРС-КоВ-2 може да преживее до минус 20 степени Целзиусови. Може да се развива во влажни, студени услови и постои можност луѓето да се заразат ракувајќи со контаминирани производи. Имаше случаи на инфекција со Ковид-19 во простории за пакување месо во САД, Велика Британија, Германија, Австралија и други земји.

    Но, јавно достапно истражување за замрзната храна како извор на болести е ретко. Така, базата на податоци на СЗО за студијата „Ковид-19“ наведува само 26 резултати при пребарување на „замрзната храна“. Само осум зборуваат за „ладниот ланец“ за преработка и пакување храна како специфичен пат на пренесување на САРС-CoV-2 .

    Кина превентивно ја контролира увезената стока за коронавирус од јуни, откако во пратките со храна откри генетски фрагменти од САРС-КоВ-2. Оттогаш, анализирани се над 1,4 милиони примероци. Од нив, според извештајот на кинеското списание „ЦДЦ Викли“ на 8 јануари, во Кина се идентификувани само четири случаи на загадување со „ладен ланец“ во 2020 година.

    Од 30 ноември 2020 година, вирусна РНК е откриена кај помалку од 0,05 проценти од примероците на производи. Ова е изненадувачки низок процент.

    Сепак, оваа откриена вирусна РНК не докажува дека има инфективен вирус. Тоа само значи дека е откриен неговиот генетски материјал.

    Кина ригорозно го тестираше увозот, но остатокот од светот „не тестира толку ригорозно“, рече Чену Сан, лекар од болницата АМИТА во Чикаго. Неодамна за магазинот „Јавно здравје“ рече дека не може да се исклучи преносот на вирусот со „ладниот ланец“ обработка на храна.

    Сепак за да се увезе вирусот со замрзната храна, некаде во светот претходно треба да се појави.

    Не е забележан таков случај на контаминација надвор од Кина, забележува Сан. Но, истражувачките ресурси во светот не се ни фокусирани на тоа и без тестирање е невозможно да се знае дали има контаминација на увезената храна или не.

    Експертот за безбедност на храна на СЗО, Бен Ембарек, за „Сајанс“ изјави дека е „веројатно исклучително ретко“ коронавирусот да се најде на замрзната храна или во неа. Сепак, тој додаде дека тоа сепак е „потенцијално можно“., па затоа вреди да се истражува “.

    Но, со цел вирусот САРС-КоВ-2 да влезе во замрзната храна и на тој начин да стигне до Кина, тој мораше да циркулира на друго место во светот пред декември 2019 година, кога започна епидемијата таму, а нема докази за тоа – немаше такви случаеви надвор од Кина.

    Недостатокот на докази наведува некои научници да веруваат дека фокусирањето на замрзната храна може да ја сврти истрагата.

    – Може да биде најголемата димна завеса во историјата – изјави за CNET Николај Петровски, професор по ендокринологија на Универзитетот Флиндерс, кој работи на развој на вакцината.

    Сепак, сите теории се во игра

    Сепак, сите хипотези за потеклото на вирусот корона остануваат на маса, изјави Тедрос Аданом Гебрејезус, генерален директор на СЗО. Ова ја вклучува контроверзната хипотеза за истекување од лабораторијата, иако се чинеше дека истражниот тим го отфрли на 9 февруари.

    На новинарско прашање за веројатноста за секоја од овие теории, член на тимот, холандскиот вирусолог Марион Копманс, рече дека истражувачите користат класификација од пет точки – од „крајно веројатна“ до „крајно мала веројатност“.

    Теоријата за потеклото на САРС-CoV-2 со „пренесување“ од лилјак врз луѓе, преку засега неидентификуван животински вид како медијатор, е оценета „најверојатно“.

    Теоријата за замрзната храна како носач, според јавно достапни научни докази, во моментов е оценет како „крајно неверојатно“.

    Наскоро треба да се знае повеќе бидејќи СЗО планира да го објави главниот дел од извештајот за наодите од Кина. Целосниот извештај се очекува во текот на годината. До тогаш, теоријата за замрзната храна ќе биде под лупа. Како што стојат работите сега, нема да го помине стручното испитување, заклучува CNET.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Кога се сади пченката?
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...И покрај короната, ЕУ има стабилна трговија со храна
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img