Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Tuesday, March 21, 2023

More
    домаАгро ВестиИ покрај короната, ЕУ има стабилна трговија со храна

    И покрај короната, ЕУ има стабилна трговија со храна

    Најновиот месечен извештај на Европската комисија за трговија со храна покажува стабилност во периодот јануари-ноември 2020 година, и покрај предизвиците со пандемијата.

    Извозот на ЕУ достигна 168,5 милијарди евра, што претставува раст од 0,9 проценти во споредба со истиот период минатата година. Увозот изнесува 112,3 милијарди евра, што е раст од 0,4 проценти.

    ЕУ оствари суфицит во трговијата со агро-храна од 56,2 милијарди евра. Ова претставува раст од 2% во споредба со 2019 година. Кина остана главна дестинација за раст на извозот на земјоделско-прехранбени производи од ЕУ. Побарувачката за свинско месо, пченица и храна за бебиња е зголемена на кинескиот пазар. Ова придонесе за зголемување на вкупната вредност на извозот од 3,71 милијарди евра.

    Житарките и млечните производи доведоа до зголемување на вредноста на извозот кон регионот на Блискиот исток и Северна Африка. Ова собено во случајот на Саудиска Арабија, Алжир и Мароко, се наведува во извештајот на Брисел.

    Вредноста на извозот на ЕУ во САД падна за 496 милиони евра, а главни производи беа алкохолот и виното. Вредноста на извозот на ЕУ падна и на пазарите во Сингапур и Јапонија.

    трговија со храна

    Кога станува збор за трговија со Велика Британија, извозот на ЕУ забележа благ пораст од 15 милиони евра во споредба со периодот јануари-ноември 2019 година. Извозот на пченица, тестенини и слатки во ЕУ особено се зголеми, иако продажбата на вино, алкохоли и ликери и месо од живина падна. Во споредба со претходниот период во 2019 година, увозот на ЕУ од Велика Британија се намали за 1,44 милијарди евра.

    Канада сè уште е растечки увозен пазар за земјоделско-прехранбени производи од ЕУ, со пораст од 854 милиони евра, предводен од репа и пченица.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img