домаАгро ВестиР. Српска забрани увоз на краставици од Албанија

Р. Српска забрани увоз на краставици од Албанија

Prokredit baner

Републичката инспекција за храна на РС забрани увоз на 4.240 килограми свежи краставици од Албанија. Ова е заради зголемената содржина на пестициди, изјави Инспекторатот на Република Српска.

Тигар лого гиф

За време на прегледот на пратката, надлежниот инспектор извршил земање примероци за лабораториска анализа за да ги испита остатоците од пестициди.

Семенарна хоризонтален банер

Анализата е извршена во Институтот за вода во Бјелина. Утрврдено е присуството на пестицидот оксамил. Количините биле над вредностите пропишани со Уредбата за максималните нивоа на остатоци од пестициди во и на храна и храна од растително и животинско потекло.

Petel.mk
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Увозникот побара суперанализа, која беше извршена во Градскиот институт за јавно здравје во Белград. И овде се потврди првата анализа.

Врз основа на тоа, донесена е одлука за забрана за увоз на спорната пратка краставици од Албанија. По забраната следуваше и наредба за уништување под надзор на надлежниот инспектор.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img