Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

10.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

More
    домаАгро ВестиНеправилно обележување на морската храна ...

    Неправилно обележување на морската храна …

    petel baner

    Неодамнешните анализи на пазарот на морски плодови, вклучија повеќе од 9000 примероци од ресторани, рибници и супермаркети во над 30 земји. Открија дека дури 36% од производите се неправилно обележани, што значи дека има голема измама на потрошувачите на глобално ниво.

    Релативно нови техники за анализа на ДНК се користени во голем број студии. Истражувачите откриле, дека тестираните примероци риба во супермаркетите и рестораните во Канада, САД, Велика Британија, Сингапур, Австралија и Нов Зеланд воопшто не биле рибите кои биле означени на етикетата.

    Otkup na kompiri

    Според студијата, најголема стапка на лажни марки на морска храна е забележана во Велика Британија и Канада, дури 55%. Потоа следат САД со 38%.

    Постојат случаи кога морските плодови биле обележани како различни видови од ист род. На пример, во Германија, 48% од тестираните примероци на школка носеа ознака „кралска капа“. Всушност, тоа била помалку бараниот тип на „јапонска капа“.

    Истражувачите откриле и дека од вкупно 130 примероци на филети од ајкула купени на италијанските и на рибарските пазари, дури 45% припаѓале на поевтини и непопуларни видови ајкули од оние што ги ценат италијанските потрошувачи.

    Неправилно обележување

    Измамата со неправилно обележување оди до таму што се продава месо кое воопшто не е риба

    Измамничките етикети не ги заобиколија загрозените или ранливите видови. Според студија од 2018 година, скоро 70% од примероците на наводна риба зубатац продадени низ Велика Британија биле разни други риби. Дури неверојатни 38 различни видови. Вклучително и многу видови кои живеат во гребени на кои им се заканува опасност од уништување на живеалиштата и прекумерен риболов.

    Покрај тоа, истражувањето покажало дека некои примероци не биле целосно водни видови. Во школки и ракчиња продадени во Сингапур често се наоѓало свинско месо, а од месото од ракчиња немало ни трага.

    Измамите за снабдување со риба веќе долго време се познат проблем низ целиот свет. 

    „Има толку многу можности долж синџирот на снабдување со морски плодови да се обележат рибите со ниска вредност како вреден производ. Товените риби се се обележат како диви улови“, рече Бет Лоуел, потпретседател на Океан, меѓународна организација фокусирана на океаните.

    Таа додава, сепак, дека 36% од сите глобално идентификувани неточни етикети на морска храна не се нужно намерно обележани на тој начин. Анализите се засноваат на различни методологии и примероци. Ниту, пак, рибите се секогаш намерно погрешно обележани. Сепак огромното мнозинство вклучуваше замена на рибите со пониска цена со оние со повисока цена, што сугерираше измама наместо невнимание.

    agrounik

    Измамата оди се до рестораните

    Се чини дека има огромен проблем со понудите во рестораните. Една студија, првиот голем обид за тестирање на неправилно обележување во европските ресторани, вклучуваше повеќе од 100 научници. Тие тајно собираа примероци од морска храна нарачани од 180 ресторани во 23 земји.

    283 примероци беа испратени во лабораторијата, заедно со опис на менито, датум, цена, име и адреса на ресторанот. Извршена е ДНК-анализа за секој примерок за да се идентификуваат видовите, а потоа се спореди со името во менито.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Еден од три ресторани имале неточно мени со морска храна, а највисока стапка на вакви случаи, од 40 до 50%, имало во Шпанија, Исланд, Финска и Германија.

    Кога станува збор за риба, има дури 50% шанси гостите да не ја добијат нарачаната порција, туку замена. Сосема друг вид риба или замена.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img