домаАгро советиНесакани ефекти од лук

Несакани ефекти од лук

Prokredit baner

Лукот им дава одлична арома на вашите јадења и се смета за исклучително здрава храна. Сепак, постојат ситуации кога се препорачува лукот да се избегнува. Кои се можните несакани ефекти од лукот?

Еве кога треба да бидете внимателни во конзумирањето лук

Проблеми со стомакот или дигестивниот систем

Запомнете дека големи количини лук може да го иритираат желудникот и цревата.

Семенарна хоризонтален банер

Крварење

Лукот може да поттикне крварење. Овој ефект може да се влоши ако консумирате билки или додатоци во исхраната кои го забавуваат згрутчувањето на крвта, вклучувајќи рибино масло, витамин Е, ѓумбир, црвена детелина, куркума.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Бременост

Нормалните количини лук веројатно не се штетни за детето, но паметно е да се избегнуваат големи количини и да не се нанесува лук на кожата. Ако се очекува породување за две недели, внесувањето на големи количини лук може да поттикне крварење за време на породувањето и придружните хируршки процедури.

Доење

Избегнувајте прекумерна потрошувачка или примена на големи количини лук на кожата бидејќи нема доволно податоци за да се потврди дека тој е безопасен за детето.

Тигар лого гиф
несакани ефекти

Предоперативни состојби

Избегнувајте лук две недели пред закажаната операција бидејќи може да поттикне крварење.

Контрацепција

Ако користите орални контрацептиви кои содржат естроген – запомнете дека лукот го забрзува распаѓањето на овој хормон и го намалува контрацептивниот ефект. Ако консумирате многу лук, размислете за дополнителна контрацепција.

Petel.mk

Можни несакани ефекти

Сулфурни соединенија на лук растворливи во масло можат да ги предизвикаат следниве потешкотии:

Пецкање во устата, гадење, повраќање, гасови, дијареја и губење на апетит, особено ако се зема на празен стомак. Потоа слабост, треска, главоболка, вртоглавица, потење, забрзан пулс и несоница, црвенило, горење и пецкање од продолжено нанесување на кожата.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img