Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиНемири во Франција: Земјоделците на улицa

    Немири во Франција: Земјоделците на улицa

    petel baner

    Земјоделците на улица заради даноците на ѓубрива. За да изразат незадоволство од новиот предлог-закон, француските земјоделци расфрлаа ѓубриво на улиците и рушеа светлосни столбови со тракторите.

    Во Франција, предлог-законот за оданочување на ѓубрива предизвика бес кај земјоделците. Според Агриланд , на крајот на минатата недела, околу 2.000 од нив излегоа на улиците на Клермон Феранда на протест.

    Otkup na kompiri

    Тие расфрлаа ѓубриво низ целиот град, влетаа со трактори во светлосни столбови и се судрија со полицијата. Сакаа да го изразат своето незадоволство од законот што ја поддржува отпорноста кон климататските промени и го предлага она што земјоделците го опишуваат како казнено и неправедно азотна надокнада – данок за употреба на азотни ѓубрива. 

    Протестот беше координиран од најголемиот синдикат на земјоделци во Франција, ФНСЕА. Учествуваа и членови на Jeunes Agriculteurs (JA, Young Farmers) и други земјоделски организации. Имаат желба да се спротивстават на законот, предупредувајќи дека тој стигматизирал употреба на ѓубрива без да се обезбедат алтернативи.

    земјоделците на улицa
    Земјоделците на улицa

    Законот ги нарушува напорите на професијата

    „ Аргументите што ги изложивме да бараме укинување на новиот закон не наидоа на одобрување од парламентот“ , рече портпарол на ФНСЕА. Додаде дека нивниот предлог всушност го отвора патот за намалување на прекумерната употреба на минерални ѓубрива во земјата.

    „ Работата направена од јавни и приватни истражувачки тела значително го подобри управувањето со фертилизацијата во последните неколку децении “. Додава дека мисли на анализа на почвата, алатки за донесување одлуки и обезбедување информации за избор на ѓубриво и слично.

    Тој исто така тврди дека е подобрена технологијата на расфрлање ѓубриво со ниски емисии. Следствено тоа води до помал  удел на минерални ѓубрива, како и вишок на азот. ” Овие напори се направени во сите земјоделски сектори. На пример, помеѓу 1995 и 2010 година на млечни фарми, емисиите на азот се намалија за 35 проценти и употребата на ѓубрива за 50 проценти “, додаде портпаролот, велејќи дека новиот предлог-закон за спроведување на даноците ги нарушува сите напори на земјоделската професија.

    Тој верува дека ова дополнително прави разлики меѓу Француските и земјоделците од други земји. „ На пример, во 2020 година, американските земјоделци платија 65 центи по килограм азот во споредба со 92 центи што француските мораа да ги издвојат“ , спореди тој.

    agrounik

    Тој исто така појасни дека има големи разлики и на европско ниво, бидејќи помеѓу 2014 и 2020 година околу 20 земји-членки воведоа  шеми за помош за стимулирање на земјоделски инвестиции насочени кон намалување на емисиите – како резултат, некои земјоделци имаа корист од субвенции што покриваа до 90 проценти од инвестициите.

    земјоделците на улицa

    Тие бараат повисоки надокнади за агроекологија

    Во исто време, додека земјоделците протестираат, француските и европските власти ја презентираат агроекологијата како еден од клучевите за успешна зелена транзиција. Но, FNSEA предупредува дека трошоците за транзиција се голема пречка за усвојување на ваков модел, пишува euractiv .

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Земјоделството е пред се и продуктивна економска активност од која може да се заработи, а овој синдикат инсистира на земјоделците да им се исплаќа во согласност со исполнувањето на обврските во борбата против климатските промени.

    „ Регулативите, а камоли санкциите, не се нешто што ќе ги охрабри луѓето на транзиција “, се вели во извештајот на организацијата, предупредувајќи дека заедничката земјоделска политика ( ЗЗП ) со сегашниот буџет нема да го поттикне одржливото производство.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img