Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

2.8 C
Skopje
вторник, декември 7, 2021

More
    домаЛековита исхранаАзуки грав - шампион меѓу гравот

    Азуки грав – шампион меѓу гравот

    Азуки грав (Vigna angularis) е годишна тревна фиданка која припаѓа на родот Вигна, односно на семејството на грав (Fabaceae). Тој е култивиран вид и широко се одгледува низ источна Азија и Хималаите поради хранливите ситни семиња (со дијаметар од околу 5 мм). Зрелите плодови обично се црвени, но има и варијанти со бели, црни, сиви и други нијанси.

    Општо прифатеното име на видот е позајмено од јапонскиот јазик (азуки), додека во Кина, каде претежно се одгледува, го нарекуваат „црвен грав“ (т.е. хонгду и чиду).

    Одгледување азуки грав

    Денес, гравот Азуки најмногу се одгледува во Кина (на површина од околу 670 000 хектари), Јапонија (60 000 ха), Јужна Кореја (25 000 ха) и на кинескиот остров Тајван (15 000 ха). Покрај овие земји, азуки сега се одгледува во значителни количини во САД, Индија, Нов Зеланд, Конго, Ангола и низ Јужна Америка. Во Јапонија, азуки е најважниот мешункаст зеленчук после соја, а Јапонија е и најголемиот увозник на овој вид грав во светот.

    Оптималните температури за нормален раст на азуки гравот се помеѓу 15 ° C и 30 ° C, тој не толерира мраз, а за ‘ртење температурата на почвата мора да биде над 10 ° C. Сепак, високите температури го стимулираат растот на вегетативните делови на растението, со што се намалува приносот на родот. Идеалната количина на врнежи во текот на вегетативната сезона варира помеѓу 500 и 1.750 мм, а видот е отпорен на благи суши.

    Опис

    Гравот Азуки е едногодишно, ретко биеналено растение високо, од 30 до 90 сантиметри.

    Може да се искачи во висина, а во отсуство на соодветна поддршка, расте како лежечки вид. Стеблото е зелено и е покриено со мали влакна.

    Коренот е во облик на вретено и може да порасне од 40 до 50 сантиметри во длабочина.

    Листовите се големи и триделни, развиени на долги ливчиња. Тие имаат овална форма, должина 5−10 см и ширина 5−8 см. Цветовите се претежно жолти, папиларни, додека соцветот се состои од шест до десет одделни цветови.

    Плодот на азуки грав е мазен и цилиндричен мешун со прилично тенки sидови. Младата мешунка е зелена и со созревањето станува сиво-бела. Должината на мешунката варира помеѓу 5 и 13 см, ширина околу 0,5 см. Внатре во секоја мешунка има од 2 до 14 семиња.

    Семето е мазно и цилиндрично, со должина од 5 до 9,1 милиметри, ширина од 4,0-6,3 мм и дебелина од 4,1 до 6 мм. Бидејќи семето е прилично мало, околу илјада семиња тежат помеѓу 50 и 200 грама. Бојата варира од костенлива до сино-црна, а најчесто се црвеникави.

    Семето на зрната Азуки се карактеризира со хипогено ‘ртење, а во зависност од условите, ртење на семето од 7 до 20 дена, што е доста бавно во споредба со другите видови на грав. Во зависност од разновидноста и условите на животната средина, азуки достигнува зрелост по 80 до 120 дена од ‘ртењеto. Цветaњето трае од 30 до 40 дена.

    азуки грав

    Гастрономија

    Азуки гравот е широко користен во кујните на источноазиските земји, каде што обично се засладува пред употреба. Со готвење семе од зрна азуки со шеќер, се добива паста од азуки („анко“), што е една од најважните состојки во кујните во овие земји. Никулците од грав од азуки исто така често се користат во гастрономијата.

    Што содржат зрната азуки?

    -Калории 329

    – липиди: 0,5 g
    – заситени масти: 0,2 g
    – полинезаситени масни киселини: 0,1 g
    – мононезаситени масни киселини: 0 g
    – холестерол: 0 mg
    – натриум: 5 mg
    – калиум: 1254 mg
    – јаглехидрати: 63 g
    – диетални влакна: 13 g
    – протеини: 20 g
    – ретинол: 17 IU
    – витамин Ц: 0 mg
    – калциум: 66 mg
    – железо: 5 mg
    – витамини Д, Б6,Б12
    – магнезиум: 127 мг

    Лековити својства

    Азуки гравот е извор на витамини од групата Б и минерали како магнезиум, калиум, цинк, железо, бакар и манган. Го подобрува протокот на крв и циркулацијата во нашето тело и го чисти организмот од штетни материи. Благодарение на своите диуретични својства, служи за исфрлање на вишокот течности од телото.

    Им помага на бубрезите, мочниот меур и репродуктивните органи. Има малку калории и има многу малку маснотии. Во споредба со другите видови на грав, овој грав не предизвикува надуеност и гасови, но ни помага да ги отстраниме.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img

    ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ЖИВЕЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛИЕ?

    View Results

    Loading ... Loading ...

    Земјоделци проверете ги сметките

    Земјоделци проверете си ги сметките !!! Денеска владата ги исплати сите заостанати субвенции на Земјоделците.Исплатени се и сите субвенции што треба да се...