Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

5.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаАгро ВестиЛажирал еко одгледуван добиток и заработил затвор

    Лажирал еко одгледуван добиток и заработил затвор

    petel baner

    Лажирал еко одгледуван добиток и заработил 900 илјади евра повеќе отколку што е вообичаено. 60-годишниот германски земјоделец признал сè пред судот. Поради затајување данок, условната казна не е можна, па затоа мора да оди во затвор.

    Минатата недела 60-годишен германски земјоделец призна на суд дека продавал свињи и говеда како еко одгледуван добиток. Тој сепак со години ги хранел на конвенционален начин. 

    Agrobot

    Неговата фарма се наоѓа во областа Ludwigslust-Parchim. Окружниот суд во Schwein го осуди на две години и седум месеци затвор за тешка измама. Пресудата гласи, фалсификат и „измама“ со субвенции. Обвинетиот мамел од 2008 до 2015 година. Се проценува дека со продажба на околу 6.500 свињи од органско земјоделство, тој заработил скоро 900 илјади евра повеќе отколку што е можно со конвенционалното. Според судиите, на обвинетиот незаконски му биле одобрени околу 400 илјади евра субвенции обезбедени од државата на еко-производителите.

    Овој одгледувач на стока ја прикрил измамата покажувајќи фалсификувани ливчиња за достава за време на редовните инспекции, според кои стоката се храни со органска храна. Судијата го оцени како високо кривично дело. Ги предупреди и инспекторите кои го проверуваа велејќи им дека требало да ги забележат малверзациите затоа што се дело на аматери. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Признанието на земјоделецот го ублажи влијанието врз казната. Дури и ги признаа неговите заслуги за чување животни, како што е пропишано во методот на органско земјоделство.

    еко одгледуван добиток

    Иако одбраната бараше условна казна, тоа не беше можно затоа што Федералниот суд на правдата (БГХ) пропиша дека затајување данок од повеќе од еден милион евра не дозволува ваква пресуда. Според медиумите, пресудата сè уште не е конечна.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img