Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеСебастијан Фетел - Од Ф1 до органско земјоделство?

    Себастијан Фетел – Од Ф1 до органско земјоделство?

    petel baner

    Во одреден момент сфаќате дека не секој зеленчук или овошје е исто. Не секое јаболко има иста хранлива вредност, а потоа се прашувате зошто, објасни Себастијан Фетел за причината за својата одлука.

    Германскиот возач и четирикратен шампион во Формула 1, Себастијан Фетел откри што правел за време на пандемијата на „Ковид-19“ или карантинот. Откако вирусот предизвика прекинување на првенството, овој професионалец реши да се сврти кон органско земјоделство. Својата пракса ја имаше на еко фарма.

    Otkup na kompiri

    Тој претходно не зборуваше за неговиот интерес за земјоделство, сè до оваа недела. На прес-конференција беше претставен проектот BioBienenApfel , кој се обидува да ги заштити пчелите.

    „ Бидејќи имав повеќе време отколку што планирав, размислував што можам да направам и што точно ме интересира“, објасни возачот на Астон Мартин, откривајќи дека се преселил на фарма за да ги научи и усоврши своите земјоделски вештини.

    ” Тоа е нешто што ме интересира. Во одреден момент сфаќате дека не секој зеленчук или овошје е исто, не секое јаболко има иста хранлива вредност, а потоа се прашувате зошто”, ја  објасни причината за неговата одлука. 

    agrounik
    Себастијан Фетел

    Иако неговиот интерес бил голем, сепак е сеуште далеку од нова кариера како земјоделец

    Тој рече дека разбира дека зависи и од тоа од каде доаѓаат плодовите, како се одгледуваат. Тие мисли, тврди тој, му ја отвориле вратата да проба нешто ново.

    Тој вели дека многу читал за теоријата за органско земјоделство, но дека сакал да научи повеќе за практичната работа и да разговара со луѓе кои се занимаваат со тоа секој ден. „ Беше многу интересно“ , истакна тој. Тој вели дека потоа посеал ливада во дворот во Швајцарија. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Како што пишува автоспорт , Фетел не е единствениот светски шампион во Ф1 кој покажал интерес за органско земјоделство и размножување. Имено,  Jody Scheckter , шампион од 1979 година, бил соппственик на биодинамичка фарма во Велика Британија скоро 15 години.

    Сепак, Фетел ја отфрли идејата дека ќе гради друга кариера во земјоделството, велејќи дека се уште е далеку од тоа.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img