Прв апи центар во Макеодниј отвори Ѓорги Златинов во скопско Сопиште.
Ѓорги Златинов, пчелар од Скопје, кој се занимава четири години со пчеларство ги отвори првите Апи комори во Македонија. Идејата, вели, дојде од моја блиска драга личност, која истражувајќи по интернет го пронајде видеото во Русија каде беа прикажани неколку АПИ Комори, а потоа заеднички следуваа натамошни истражувања и реализација на инвестицијата што чинеше над 600 илјади денари.
– Изградивме две Апи комори, а целата идеја ја реализиравме за краток период од една година. Лани почнавме со поставувањето на темелите и со интензивно работење успеавме да ги отвориме пред три недели, истакнува Златинов.
АПИ комора, како што ја појаснува тој, е цврст објект во кој се сместени сандачиња со пчели, во кои се инхалира воздухот. Објектот е направен од природен материјал, заштитен со еколошка боја. Вдишување на воздухот е директно од сандачето со пчели, и да не постои недоразбирање, пчелите не можат да влезат внатре тие излегуваат надвор преку својата врата и така нормално функционираат.
На сандачињата се наоѓаат инхалатори преку кои се врши инхалација. Ширината е доволна за да може комотно да се седне и да се престојува.
Во АПИ комората може секој да влезе и да биде корисник на оваа терапија. Златинов истакнува дека со инхалацијата се вдишуваат матичен млеч, полен, нектар, прополис, перга, мед.
– Тоа е една мала лабораторија каде испаруваат етерични масла од сите тие пчелни производи. Прополисот кој пчелата го носи е најако антибактериско средство во природата.Таа со прополисот кој го носи во кошницата врши дезинфекција на просторот во која живее. Секоја ќелија во која се полагаат млади јајца, која ги полага матицата мора пред секоја употреба да биде прополисана која пчелата го донела од природата, посочува Златинов.
Прв апицентар во Макеоднија – Лечење со воздухот од кошницата за респираторни болести
Во поголем број земји постои здравствен третман познат како ер-терапи (AIR THERAPУ) – терапија со воздух од кошница која има успешни ефекти во лечење на многу респираторни боелсти. Пчелите со своето движење и работа во кошницата произведуваат аеросол, кој содржи етерични масла, прополис, мед и восок, матичен млеч, перга, ароматични материи и фитонциди од цветовиот нектар и восокот што се испарува од кошницата и го дезинфицира воздухот во пчеларникот до 200 метри.
– Воздухот во кошницата ги стимулира органите за дишење, желудачно цревен и кардиоваскуларниот и нервниот систем. Аеростимулансите од кошницата ја подобруваат работата на белите дробови и го подобруваат имунитетот, вели Златинов.
Тој додава дека кога АПИ комората работи, кога се активни пчелите тоа значи дневно најмалку 1.000 положени јајца и исто толку оброци матичен млеч.
– Пчелата внесува полен, внесува нектар, произведува восок, перга, произведува мед и се се работи во една мала лабораторија каде испаруваат етеричните масла од сите тие пчелни производи. Специфичност на воздухот е тоа што сите тие етерични масла се ослободуваат и одат во природата и се шират и до 200 метри околу пчеларникот. Предност во инхалирањето е што тој воздух ние го внесуваме во белите дробови таму каде што ни е потребен, истакнува Златинов.
Според него терапијата е препорачлива за болни од бронхиална асма, бронхитис, алергија на полен, хронични белодробни заболувања, ослабен имунитет, хронични главоболки, мигрени, стрес, депресија.
Златинов појаснува дека инхалациите се прават двапати по 25 минути со пауза од 40 минути. Следна е после 48 часа. Подобрувања треба да се почувствуваат после пет третмани, а, според него, препорачливо е да се напрват пет третмани во период од 10 дена.
АПИ коморите се наоѓаат во општина Сопиште помеѓу селото Нова Брезница и Браната Козјак во местото Рудина, во преубава природа и чиста средина.
Златинов вели дека почнал како хоби, но интересот и љубовта кон пчелите се повеќе растела. Сака да се развие пчеларскиот туризам, како и во поразвиените земји.
Прв апицентар во Макеоднија Ѓорги Златинов нека е со среќа.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.