Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиОбразование во руралните средини

    Образование во руралните средини

    petel baner

    Образование во руралните средини – ЕВЕ ШТО ВИКА СТАТИСТИКАТА

    Според пописот од 2002 година, само 3,6% од населението е неписмено.
    Неписмени мажи се 1,7%, додека 5,5% од жените се неписмени.

    Otkup na kompiri

    Бројот на лица без образование во 2002 година изнесувал 67.358 односно 4,2%, а со некомплетно основно образование 219.507 односно 13,8%.

    Најголем дел од неписменото население се наоѓа во општините Новаци, Прилеп, Кавадарци, Богомила, Орашац, Клечевце и Старо Нагоричане.

    Ниската стапка на образование во руралните области се должи на:
    1. иселување на младо и способно население за работа,

    2.недостаток или мал број на образовни институции,

    3.недоволно грижа за подобрување на училишно образование на младото население, изолирање на неразвиените села и сл.

    Образовниот проблем е очигледен меѓу невработените, бидејќи во 2009
    година 11,5% од нив имаат високо или универзитетско образование; мнозинството (53,9%) има средно образование, а останатите 34,6% не поседуваат вештина.
    Младата популација (на возраст 15-25 години) учествува со 55,1% од невработените.
    Образованието е двигател на економскиот и општествениот развој.

    Тоа е, исто така, и фактор за подготвеност за иновации. Образовниот систем секако игра важна улога во способноста на младите луѓе за вреднување на локалните производи и локалната традиција.

    Квалитетот на образованието и доживотното учење може да ги намали нееднаквостите меѓу урбаните и руралните средини кои се големи во
    Македонија.

    Ситните земјоделци (особено во областите кои заостануваат) имаат
    најниско образовно и професионално ниво меѓу земјоделските производители.

    Во државата, покрај формалното средно и универзитетско образование, постои
    недостаток од дополнително (неформално) образование и обука за земјоделците.
    Постојните медиумски програми (радио и ТВ) во врска со земјоделството се
    ограничени во однос на траењето.

    Веб страните за земјоделство се доста оскудни и даваат застарени информации а голем дел служат како портпароли на партиите кои што се на власт.

    agrounik

    Затоа е тука www.zemjodelie.mk 🙂

    Постои, исто така, и ограничен број на програми за локалната култура и историја, особено за локалните јавни ресурси кои можат да го поттикнат и подобрат квалитетот на животот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Образование во руралните средини- се помалку школи и деца во руралните средини.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img