Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

21.8 C
Skopje
вторник, јули 27, 2021

More
    домаАгро советиДодадете го ова на пиперки и домат за богата берба

    Додадете го ова на пиперки и домат за богата берба

    Пиперки и домат, како и другиот зеленчук, бараат калциум во нивната исхрана. Особено е важно кај доматите и пиперките затоа што во случај на недостаток на калциум се појавува гниење на плодот. 

    Недостаток на калциум се препознава со фактот дека гниењето започнува од врвот на плодот. Се појавуваат темни дамки кои понатаму се шират. Калциумот се исцедува од почвата и мора да се дополни. Најдобро е да се користат природни извори.

    Прашокот додаден на садниците е всушност прав од лушпа од јајца. Лушпата е богат извор на калциум, и може да се користи во органско производство. Затоа, собирајте лушпи од јајца низ целата година.

    Како да ја додадете правта од лушпа од јајца против гниење?

    Не ги фрлајте лушпите од јајцата, туку зачувајте ги, користете ги кога ќе дојде време. За да се добие прав, лушпите се мелат или се толчат.

    Прашокот се става во дупките веднаш при садење садници од пиперки и домат. Истурете малку прав на секоја дупка кога садите. Прашокот ќе ја збогати почвата со калциум. Во подоцнежна фаза на раст на растенијата, можете да го ставите правот покрај растенијата. За поефикасна употреба, можете да чувате мелени лушпи од јајца во кофа со вода неколку дена. Потоа користете го за наводнување на растенијата.

    пиперки и домат

    Лушпи од јајца против полжави и штетници

    Зеленчукот и другите растенија, кои се мета на полжавите, може да се заштитат со употреба на грубо мелени лушпи од јајца. Посипете слој од лушпи од јајца околу растенијата што ги одгледувате и тие ќе бидат добра одбрана од овие штетници. Тие се исто така корисни против компирова буба. Наместо да користите штетни хемикалии, обидете се да се ослободите од штетниците со лушпи од јајца.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    ,

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Офарбајте најубави велигденски јајца
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Млеко од магарица
    spot_img

    ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ЖИВЕЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛИЕ?

    View Results

    Loading ... Loading ...

    Земјоделци проверете ги сметките

    Земјоделци проверете си ги сметките !!! Денеска владата ги исплати сите заостанати субвенции на Земјоделците.Исплатени се и сите субвенции што треба да се...