Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеЦикорија - кои се лековитите својства?

    Цикорија – кои се лековитите својства?

    petel baner

    Цикорија – растение што можеме да го забележиме на секој чекор, покрај патот или среде ливада. Носи со себе изненадувачки голем број позитивни ефекти врз здравјето на луѓето.

    Цикорија е диво растение со потекло од територијата на јужна Европа. Освен во Европа, може да се најде во Азија и Африка, во различни живеалишта.

    Otkup na kompiri

    Растението е повеќегодишно, со потемен корен, кој е бел одвнатре, со цветови чија боја одат од светло сина до темно виолетова.

    agrounik

    Широката употреба на цикорија во руралните делови на нашата земја не смее да остане незабележана. Познато уште од времето на Антички Рим, ова растение првенствено се користи за решавање на проблеми со стомакот. Се вари чај од исушени стебленца на ова растение. Потоа, растението има позитивен ефект врз зајакнување и чистење на организмот. Тоа е неизоставен дел од мешавините за чај за пролетна детоксикација на организмот.

    Растение кое е занемарено

    Големото занемарување на ова растение во науката во однос на народната медицина е очигледно, иако се покажа како исклучително ефикасно. Исто така, конзумирањето на ова растение го зголемува излачувањето на урината и жолчката, а конзумирањето сок од свежиот надземен дел од растението служи за зајакнување на организмот и за ублажување на анемијата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    цикорија

    Може да се користи и како замена за кафе, каде што неговиот исушен корен се меле во прав и се вари како кафе. Одлично влијае на чистење на организмот и намалување на нивото на холестерол во крвта.

    Во исхраната, цикоријата се користи за разни видови салати. Се користат млади, мелени листови, кои се скоро идентични со листовите од глуварче, па затоа често се мешаат, што не е опасно. Младите варени корени се препорачуваат како особено добра храна за дијабетичари.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img