За поголеми, поубави и поздрави плодови, потребно е рачно да се разредуваат. Во продолжение совет за разредување на праските.
Не е невообичаено да се започне со регулирање на родот на праските за време на цветањето. Сепак не се препорачува заради можни доцни пролетни мразови.
Разредување на праските е најдобро да се започне 30 дена по оплодувањето. Тогаш можете да ги забележите заметнатите плодови, вклучувајќи ги и неисправните или близнаците што ги отстрануваме за да добиеме убави и здрави плодови.
Растојанието помеѓу двата плода треба да биде најмалку 10 сантиметри. Во тој случај плодовите не се „гушат“ едни со други. Понекогаш се потпираат едни на други, а со тоа се создаваат идеални услови за појава на болести во сезоната на дождови.
Паралелно со разредувањето на овошјето, се прави летно кастрење на праската. Правило е да се остават околу 30 листови за еднен плод од праска.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.