Можете да најдете претставници на семејството Chrysopidae во овоштарникот. Таков е инсектот “златно око”. Тогаш имате корисни инсекти и добри сојузници во борбата против многу штетници.
Возрасните инсекти обично се со нежно тело со мрежести крилја. Во зависност од родот, тие можат да бидат или омнивори или предатори. Сепак, возрасните обично се хранат со полен, нектар и медена роса. Ларвите се важни предатори на бројни штетни инсекти во овоштарниците, што ги квалификува како многу важни корисни инсекти.
Ларвите се екстремно подвижни. Се хранат со вошки, трипси, грини, јајца на штетни инсекти, како и ларви од крушкина болва.
За време на положување на јајца, една женка може да положи до 350 јајца. Стадиумот на ларва трае околу две недели. За време на својот развој, ларвата може да изеде од 200 до 500 возрасни лисни вошки, 300 до 400 јајца од компирова златица, околу 500 јајца од штетнa лепидоптера и 12 000 јајца од грини. Може да изеде 30 до 50 црвени пајаци за еден час.
Видот произведува две генерации годишно, а презимуваат возрасните од втората генерацијат.
Комерцијалната примена на овие инсекти е широко распространета
Најчесто се користени видови на Chrysopidae carnea, поради поедноставно и поевтино лабораториско производство. Имаат поголема толеранција на неповолни услови на животната средина, како што е недостаток на влага.
Можно е да се привлечат во овоштарниците дури и пред зголемувањето на популацијата на штетници со третирање на овоштарниците со раствор на сахароза или меласа.
Важно е да се нагласи дека при воведување на овие корисни инсекти, потребно е да се процени висината на популацијата на грабливки бубачки во овоштарникот. Да не се применуваат и двата биолошки агенси истовремено, бидејќи предаторските бубачки би биле многу среќни да се хранат со јајцата од Chrysopidae.
Со оглед на непроценливата важност на корисни инсекти присутни во нашиот агроекосистем, потребно е да се спроведат сите превентивни мерки со цел да се зачува корисната ентомофауна.
Одржувањето на голема популација на корисни инсекти, како метод на биолошка контрола, подразбира земјоделски практики што ќе ги зачуваат природните непријатели. Со ова ќе се зајакне нивното влијание врз штетниците. Овој пристап кон заштита вклучува употреба на селективни инсектициди. Тие не дејствуваат на корисните инсекти, како и подигнување на заштитни појаси кои ќе обезбедат храна и живеалиште за корисните инсекти.
Инсектицидите засновани на Bacillus turingiensis имаат многу мал ефект врз корисните инсекти. Можат успешно да се користат на овој начин на биолошка заштита. Инаку, употребата на неселективни инсектициди, покрај штетните, уништува и корисни инсекти. Со тоа и нивниот придонес за зачувување на корисната ентомофауна отсуствува.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.