Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиБактериската болест уништи 40.000 хектари шеќерна репка во Германија

    Бактериската болест уништи 40.000 хектари шеќерна репка во Германија

    petel baner

    Бактеријата што предизвикува синдром на низок шеќер се повеќе се шири на полињата со шеќерна репка во југозападна Германија. Оваа бактериската болест веќе уништи 40.000 хектари од оваа култура.

    Бактериската болест Syndrome Basse Richesse (SBR), синдром на ниска содржина на шеќер, се шири сè повеќе во полињата со шеќерна репка во Германија.

    Otkup na kompiri

    Минатата година, оваа болест уништи 20.000 хектари од оваа полјоделска култура. Сепак, загрижува фактот што оваа бројка е двојно зголемена оваа година. Дури 40.000 хектари сега се погодени од инфекцијата.

    Имено, SBR се повеќе се шири во југозападниот дел на Германија. И во Франција тоа предизвика големи штети во последните неколку години. Локалните земјоделци изгубија до 50 проценти од својот род како резултат на оваа болест.

    agrounik

    Како да се препознае?

    Симптомите на оваа болест се манифестираат на растенијата во форма на жолти листови, што резултира со послаба спроводливост на фотосинтезата. Тоа на крајот значи  20 до 40 проценти  помалку шеќер. Покрај тоа, листовите се ланцетни и васкуларниот систем е некротизиран.

    Треба да се напомене дека носители на инфекцијата се цикади. Овие инсекти се класифицираат како загрозен вид во Германија, па затоа на експертите не им е јасно зошто имало масовна инфекција на шеќерна репка со оваа бактерија.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Бактериската болест

    Инсектицидите кои се користат во заштитата имаа ограничен ефект врз цикадите во почвата, а со бактериите не може да се бориме со хемиски методи. На производителите главоболки им создаваат и Афидите, кои го пренесуваат вирусот на жолтица, а неоникотиноидите се забранети за нивно сузбивање.

    Проект за идентификување на проблемот

    Проектот Penta-Resist е започнат и во Германија за да се разјасни како работи симбиозата помеѓу цикадите и бактериите и како тие влијаат на шеќерната репка. Целта е да се развијат идни мерки за заштита. Проф. д-р Мајкл Ростас од Универзитетот во Гетинген се надева дека ќе успее да идентификува што ги привлекува споменатите штетници и како ја наоѓаат репата. Според него, ова може да помогне во развој на заштитни методи. Покрај тоа, долгорочна цел на проектот е да се најдат отпорни сорти на споменатата бактерија.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img