Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиБело гниење кај сончоглед

    Бело гниење кај сончоглед

    petel baner

    Симптомите на бело гниење кај сончоглед можат да бидат различни во зависност од растението домаќин и органите на растението кои се нападнати.

    Габата има голем круг домаќини меѓу култивирани растенија (сончоглед, соја, маслодајна репка, луцерка, тутун, леќа, грав, домати, зелена салата, краставици, и др.). Се наоѓа на некои многу агресивни плевели ( Abutilon theophrasti, Ambrosia artemisiifolia, Amaranthus retroflexus, Xanthium italicum).

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Во развојот на болеста кај сончогледот се разликува:

    1. гниење на семето и распаѓање на младите растенија,
    2. коренски тип на болеста и венење на растенијата
    3.  гниење на средниот дел од стеблото,
    4. гниење на главата.

    Инфицираните ткива имаат сивкаста или зеленикаво-кафеава боја и имаат воденест изглед. Стеблото омекнува и јадрото се распаѓа. Однадвор, на заболените делови се развива густ бел мицелиум, а на заразените ткива и во нив се појавуваат црни склеротии со големина до 10 мм.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Бело гниење
    Бело гниење кај сончогледот

    Стеблата се кршат, главите се распаѓаат (тие се скелетизирани), растенијата венеат и се сушат. Може да се очекува посилен изглед на болеста во ладни (оптимална температура од 18 до 21 °) и влажни години.

    Контрола се врши со сеење потолерантни хибриди, плодоред (минимум 3-4 години), сеење семе што не содржи склеротија и контрола на плевелите. Кај сончогледот со фунгициди може да се постигне одредена заштита.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img