Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

5.8 C
Skopje
Saturday, April 27, 2024

More
    домаАгро советиКолку храна и вода им треба на овците во лето?

    Колку храна и вода им треба на овците во лето?

    petel baner

    Надворешните услови, како што се температурата и влажноста, начинот и видот на исхрана, тежината и возраста на овците се основите што ги диктираат нивните потреби за вода.

    Овците бараат континуирано снабдување со хигиенски и микробиолошки исправни води, а количините и потребите зависат од повеќе фактори. Надворешните услови, како што се температурата и влажноста, и начинот и видот на исхраната, тежината и возраста на животните, се основата што ги диктира нивните потреби за вода. Покрај тоа, барањата се различни ако се земе предвид возраста на единките. Исто така и процесот на производство (производство на млеко / месо) за кои се потребни поголеми количини на вода.

    Во бачилото, пристапот до вода се обезбедува однапред преку системот за напојување. Но, во системот со пасење, номадските овци се континуирано надвор. Затоа при изборот на место како основен критериум мора да се земе предвид непречен пристап до свежа вода или водотеци.

    Agrobot

    Повеќе свежа волуминозна храна 

    Водата како основен ресурс во одгледувањето овци во некои суви региони може да биде сериозен ограничувачки фактор. Ова е особено изразено во летните месеци кога снабдувањето е значително помало, поради сушата, помалите водотеци и слично. Без разлика дали се одгледуваат во бачило или на пасење на отворено, на стадото треба да му се обезбеди постојан пристап, на таков начин што ќе можат да пијат по своја волја. Ова значи дека за 100 овци на ден, приоритет е да се обезбедат  минимум 700 литри свежа вода за пиење.

    Во текот на летото, зголемената потреба за вода кај овците во просек е од пет до седум литри на ден. Комбинацијата на храна со поголем процент на сува материја во оброкот и високите летни температури се најчестите причини за високомлечните грла да конзумираат до десет литри вода дневно. Кога пасат и внесуваат свежи волуминозни хранливи материи, потребата за тоа е нешто помала.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    вода

    Внимателно со болести на дигестивниот тракт

    Пристапот и хранењето на животните е најдобро да се остави по своја волја. Ова значи дека во секое време имаат слободен пристап до водата за пиење што ја конзумираат во согласност со потребите. Во бачилото, ова е решено преку системот за напојување. Сепак, за стада што се на отворено пасиште, често е тешко да се обезбеди постојан пристап до изворот во планинските области. Ова е најизразено во лето, кога скоро пресушуваат многу мочуришта, природни водотеци, помали езера и слични места за наводнување.

    За овој вид одгледување, приоритет е да се изберат места за пасење кои имаат близок водотек или можност за транспорт на вода до одредени места. Покрај слободниот пристап, во овој период треба да им се обезбеди заштита од директна сончева изложеност. Крошните или областите со природна сенка се идеални решенија за пасење на отворено. Исто така, многу важен факт е каква вода пијат, особено на отворено на пасиштата. Дали и колку често овчарите ја проверуваат хигиенската и микробиолошката исправност на водотеците или на другите природни места за наводнување!? Многу често, неисправната вода може да биде причина за разни болести, особено на дигестивниот тракт.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img