Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

8.8 C
Skopje
Friday, April 26, 2024

More
    домаАгро ВестиСуша - прикриена глобална криза и следна пандемија

    Суша – прикриена глобална криза и следна пандемија

    petel baner

    Најголемата опасност од суша на глобално ниво е во две европски земји, Молдавија и Украина. Источна Европа станува потопла. Дали оваа прикриена глобална криза може да прерасне во следна пандемија?

    За каква суша зборувате, погледнете го времето – беа чести коментари до пред неполн еден месец. Навистина, дури и во почетокот на јуни имавме чувство дека дождот и студеното време никогаш нема да престанат. И тогаш сè се сврте наопаку за неколку дена. Голема топлина без врнежи или со краткотрајни врнежи и невреме што донесе само штета, ја одбележа втората половина на шестиот месец. 

    Гледајќи ги метеоролошките сервиси, не очекуваме толку високи температури во јули, но дождот не е ни на повидок. Само неколку грмотевици кои често носат град. 

    Сето ова ги оправдува предвидувањата дека ќе има ризик од суша на глобално ниво и оваа година.

    Источна Европа станува се потопла

    Според податоците, најголема опасност од оваа временска непогода, на глобално ниво, има во две европски земји, Молдавија и Украина. 

    И во минатото, овие две земји беа погодени од разорни суши. Има особено негативно влијание врз приносите на земјоделските култури во Украина, која е четврти најголем извозник на пченица во светот. Проблемот со климатските промени што ги нарушува температурните вредности и вообичаените модели на врнежи е евидентен во многу места во Источна Европа каде неодамна е забележана потопла клима. 

    Суша

    Треба да се напомене дека земјите склони кон суша не се секогаш оние со најголем стрес на вода, што се дефинира како недостаток на доволно соодветна вода за употреба во една земја, вклучително и вода за пиење. Почеста е во Јужна Азија, Блискиот исток и Северна Африка. Додека пак во Европа, која нема толку многу проблеми со квалитетот на водата, поретка е. 

    Оваа недела очекуваме втор топлотен бран и температури и над 36 ° C. Рекордна топлина во последниве денови е забележана во САД и Канада. Температурите одат до 45 ° C и се предизвикани од атмосферско движење под висок притисок кое делува како капак што ја задржува топлината на површината.

    Agrobot

    Сушата е следната пандемија?

    Сушата е скриена глобална криза која би можела да прерасне во следна пандемија. Доколку земјите не преземат итни мерки за управување со водата и почвата и климатските промени. ОН го изјавија ова во неодамнешниот извештај, предупредувајќи дека директно се погодени најмалку 1,5 милијарди луѓе. Во исто време, економските трошоци се проценуваат на 124 милијарди долари. 

    ” Ние сме на работ сушата да стане следната пандемија и нема вакцина за да се излечи. Поголемиот дел од светот ќе живее со воден стрес во следните неколку години. Побарувачката ќе го надмине снабдувањето со текот на времето “, рече Мами Мизутори, специјален пратеник до генералниот секретар на ООН. Да се намали ризикот од катастрофа со предупредување дека оваа временска непогода е главен фактор во деградација на земјиштето и пад на приносот за поголемите земјоделски култури.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Тој посочи на Дунав, каде сушата е присутна со години и негативно влијаеше на транспортот, туризмот, индустријата и производството на енергија. „ Треба да имаме современ поглед на сушата и да сфатиме како да управуваме со ресурсите како реките и големите сливови “, рече тој.

    Во соопштението се вели дека, покрај недостатокот на врнежи од дожд како резултат на климатските промени, клучна причина е неефикасното користење на водените ресурси и деградацијата на земјиштето. Проблем се и лошите земјоделски практики. Тоа се секако уништување на шумите, прекумерна употреба на ѓубрива и пестициди, но и прекумерно пасење и употреба на вода.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img