домаАгро советиБактериозна пегавост на листот од пиперката

Бактериозна пегавост на листот од пиперката

Pneumatik baner

Бактериозна пегавост на лист од пиперка, предизвикано од бактеријата Xanthomonas axonopodis pv. vesicatoria, е најзначајно заболување на пиперката на отворено поле. За појавата и ширењето на овој патоген се потребни врнежи и зголемена влажност.

Првите симптоми се појавуваат на долните листови на пиперката во форма на мали темно зелени дамки со неправилна форма. По краевите се појавува хлоротичен ореол. Во поволни услови, дамките се шират, се спојуваат и некротизираат. Во отсуство на хемиска заштита може да доведе до дефолијација на растенијата и значително намалување на приносот.

petel baner
Семенарна хоризонтален банер

Главните извори на инфекција се остатоци од растенија од претходната вегетација и заразени семиња.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk
пегавост
Бактериозна пегавост на листот од пиперка

Со цел да се заштитат пиперките од овој патоген бактериозна пегавост, треба да се придржуваме до превентивните мерки. Тие вклучуваат употреба на здрави семиња, отстранување на растителни остатоци од парцелата и придржување до плодоредот. Во однос на мерките за хемиска заштита, се препорачува да се користат препарати базирани на бакар пред врнежи или наводнување со прскалки.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img