Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-1.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро советиДоцна боранија: Совршен избор за садење во јули

    Доцна боранија: Совршен избор за садење во јули

    petel baner

    Како одминува летото, има сè помалку култури за топлата сезона што ќе можете да ги засадите. Доцна боранија е една од културите што можете да ја садите среде лето и да имате жетва во релативно краток период.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Кога садите доцна боранија, важно е да се обрне внимание на сортата, бидејќи ви треба боранија што расте брзо и стасува брзо за берба. Видовите грмушки обично се препорачуваат за овој период на садење, бидејќи им треба помалку време да развијат лисна маса.

    Otkup na kompiri

    Постојат многу видови кои достигнуваат зрелост за околу 60 дена. Обавезно погледнете  го пакетот со семе колку време е потребно да созрее. Ако тоа е 60 дена, додадете уште 10 дена на тој број за да го вклучите скратувањето на денот, односно падот на сончевата светлина, што исто така влијае на брзината на развојот на растението.

    Доцна боранија
    Боранија

    Совети за одгледување доцна боранија

    • Додадете компост или ѓубриво во почвата, дури и ако сте го направиле тоа на пролет. Ова ќе им даде на растенијата добар и брз почеток.
    • Наводнете ја почвата пред садењето. Водата ќе ја олади почвата малку, а влажната почва ќе го забрза ‘ртењето. Многу семиња нема да можат да ‘ртат ако условите се премногу жешки.
    • Ако е премногу топло, додадете многу тенок слој на прекривка. Тоа ќе одржи пониска температура на почвата, како и влага.
    • Редовно наводнувајте, но оставете ја почвата да се исуши помеѓу наводнувањата за да не изгние семето. Не оставајте ја почвата сува повеќе од еден ден.
    • Внимавајте на штетниците и болестите. На есен има повеќе штетници и помалку растенија, а инсектите активно бараат нови растенија, па затоа боранијата може да биде лесна мета.
    • Ако времето стане ладно пред бербата, заштитете ја боранијата навечер со навлака. Можете да користите ткаенина, пластична фолија, весници. Обавезно извадете ја прекривката наутро.
    • Берете млада боранија. Доколку времето е соодветно, вашето растение ќе произведува плодови додека мразот не го убие.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img