Село Наколец секоја чест на жителите од ова Село.
Македонци и Албанци собраа 80.000 долари да си изградат – стадион во Преспа!
Малкумина во државата чуле за селото Наколец, место со едвај 260 жители во општина Ресен, кое се наоѓа на само пет километри од македонско-грчката граница, но тоа наскоро ќе се смени, откако спортските вљубеници од него се пред самата целна линија за да си го исполнат сонот – да изградат стадион и рекреативен центар за тие што сè уште живеат во него.
Причина што приказната за Наколец е единствена и неповторлива е што спортскиот објект нема да им го изгради локалната ниту централната власт, туку тие самите со собирање пари преку платформата GOFUNDME.
Љубовта, пред сè кон фудбалот, придонесе да се занемари нацијата и верата, да се застане сложно кон целиот прокт, за кој сложно работат Македонци, Албанци, Турци, Роми и останати националности кои може да се најдат во овој преспански крај. Пари уплатуваа и непознати страци од „белиот свет“, кои го препознаа големото срце на наколичани и нивната огромна љубов кон спортот, но и кон своето село.
Тие досега имаат собрано нешто повеќе од 80.000 долари, што е многу блиску до зацртаната цел од 100.000 долари, колку што сметаат дека ќе им биде потребно да го остварат својот сон. Идејниот проект е веќе направен и тој изгледа прекрасно, бидејќи покрај модерниот фудбалски стадион ќе има и игралишта за кошарка, одбојка, но и рекреативен центар со маси за пинг-понг, билијард, како и детско игралиште.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.