Купивте лубеница и сфативте дека не е слатка и дека е без вкус. Не ја јадете на сила, но не фрлајте лубеница која не е убава. Можете да направите одличен освежителен сок со убава боја и егзотичен изглед.
Сè што ви треба од состојките е лубеница, и додадете шеќер и лимон по вкус.
Исечете ја лубеницата на парчиња, извадете ги поголемите семки, исечете ги на коцки и испасирајте ги во блендер. Процедете сè низ цедалка и исцедете го целиот сок. Отфрлете го исцедениот вишок. Лубеницата е водена и има многу сок. Додадете го шеќерот, постепено мешајќи, и исцедете го лимонот. Колку шеќер и колку сок од лимон, утврдете сами по вкус.
Оставете во фрижидер да се олади и сервирајте со или без мраз.
Лубеницата е богата со електролити и вода, има многу малку калории (30 калории на 100 g) затоа е одлична за диета. Совршено го чисти организмот и исфрла токсини. Богато е со фитонутриенти и антиоксиданти кои го зачувуваат здравјето.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.