Цвеклото е зеленчук полн со хранливи својства, полн со антиоксидантни влакна и супстанции кои го поддржуваат здравјето на црниот дроб, а познат е и по подобрувањето на процесот на детоксикација. Во продолжение намаз од цвекло.
Намаз од цвекло можеби не звучи премногу вкусно, но едноставно треба да го пробате, ако не поради вкусот, тогаш заради сите лековити својства што ги носи. Цвеклото е познато и по своите поволни ефекти врз срцето, крвотокот, црниот дроб и како природен лек кој штити од рак.
Потребни состојки:
– 2 цвекла со средна големина или 3 помали
– 1 конзерва леблебија
– Сок од 1 ½ лимон
– 5 чешниња лук
– ½ лажичка сол
. ¼ чаша маслиново масло
. ¼ чаша вода
Ставете го цвеклото во лонец со вода и варете додека не омекне, околу 40 минути. Откако ќе се свари, измијте го цвеклото под млаз ладна вода, излупете го и исечете го на поголеми парчиња. Ставете ги сите состојки во блендер, вклучете го и оставете го да се претвори во кремаст намаз.
Послужете со крекери од ориз или свеж леб.
На здравје!
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.