Еколошка пролет во Босилово одлична еколошка кампања.
Општина Босилово денеска започна со реализација на една креативна и интересна кампања насловена како „Еколошка пролет во Босилово!“
Кампањата ќе се реализира во наредните два месеци и ќе опфати повеќе активности и настани.
Она што посебно е интересно е тоа што Општина Босилово денес ќе врши дистрибуција на овошни садници во замена за пластични шишиња.
„Акцијата ќе се одвива од порта на порта. Ќе го посетиме секој дом и на секој граѓанин ќе му биде понудена можност за замена на пластични садови (ПЕТ пластика) со овошни садници.
Целта е да ја намалиме количината на пластичен отпад во општината, но во исто време да испратиме порака до граѓаните дека пластиката има употребна вредност.
Пластиката треба да се селектира и да се депонира односно транспортира на соодветно место“ – истакна Ристо Манчев, градоначалник на општина Босилово.
Одлична еколошка кампања ем се трга пластиката ем се садат нови дрвца. Ја поздравуваме оваа акција и апелираме и другите градоначалници слободно нека препишуваат 🙂
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.