домаситеЏем од Нане: Интересен изглед и фантастичен вкус

Џем од Нане: Интересен изглед и фантастичен вкус

Prokredit baner

Доколку сакате џемот да има поинтензивна, зелена боја, можете да додадете неколку капки зелена прехрамбена боја во сокот, со желатин. Во продолжение џем од Нане: интересен изглед и фантастичен вкус, веруваме дека ќе стане вашиот омилен намаз.

Состојки:

60 гр листови свежо нане
1 литар вода
1 кг шеќер
1 кесичка желатин 

Petel.mk
Семенарна хоризонтален банер

Подготовка:

Листовите нане измијте ги добро и ситно исечкајте ги. Ставете ги во тенџере и прелијте ги со вода. Оставете да зоврие, па тргнете од оган и оставете го покриено 10 минути. Процедете ја смесата низ три слоја газа додека целиот сок (чајот) не се исцеди во садот. Може да ја истиснете и газата за да го исцедите остатокот од сокот.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Во добиената смеса можете да додадете прехранбена боја (ако одлучите да ја употребите, не е задолжително) и додека мешате додадете желатин. Се враќаат на шпорет да се варат на повисока температура со повремено мешање. Кога ќе зоврие додадете го шеќерот и оставете да се вари многу кратко – доволно е 1 минута со постојано мешање. Тргнете од оган и извадете ја пената одозгора (ако има). Добиениот џем од нане веднаш истурете го во топли тегли (не ги полнете докрај до врвот, оставете 1 сантиметар празен простор до капакот). Избришете го работ на теглата и добро затворете. Стерилизирајте ги теглите и оставете да се изладат. Чувајте ги на суво и ладно место. Уживајте…

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img