Мајчина душица е долговечна зелјеста билка, полугрмушка висока една педа.
Збиените билки се состојат од полегнати тенки разгранети изданоци и од исправени ограноци обраснати со ситни, јајчести ливчиња и округли цветови.
Цветчињата имаат кратка дршка и здружени се во густи, округли цветила при врвот на стеблинката. Мајчината душица цвета од пролет до есен.
Својства:
Се бере само горната половина од лиснатите гранчиња со цветчињата додека билката цвета, а се суши во тенки слоеви на провев и под сенка.
На медитеранот се употребува како зачин, а влегува и во составот на многу лековити препарати.
Поради танинот е добро средство против пролив, а етеричното масло што го содржи прави одличен конзерванс и средство против цревни паразити. Мајчината душица има силно изразени антисептични својства.
Употреба:
Може да се употребува секојдневно и во облик на чај: Полна супена лажица мајчина душица се прелива со 200 грама зовриена вода. Садот се поклопува стои два часа а потоа се процедува и се пие.
Против цревни паразити:
1- 2 капки етерично масло од мајчина душица (купено во аптека и кое заменува 99 грама од билката) се става на коцка шеќер и се пие со чаша студена вода.
Против анемија:
По 30 грама мајчина душица, лист од пелин и целер, трева Ива, жалфија и коњско опавче и 10 грама магдонос се мешаат.
Во 500 грама врела вода се ставаат 3 супени лажици од смесата. Садот стои поклопен 10 минути потоа се цеди и се пие засладен со мед, две до три чаши дневно меѓу оброците.
Напомена:
Стеблинката на мајчина душица нема никакви лековити својства имаат само ливчињата и цветовите.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.