Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиОдгледување тиквички на отворено

    Одгледување тиквички на отворено

    petel baner

    Тиквичките растат брзо, а едно растение може да даде 10-20 плодови. Најдоброто нешто е што колку повеќе ги береме, толку повеќе растението раѓа. Со само 2 растенија, можете да ги задоволите потребите на целото семејство. Ова е доволна причина да ги вклучите тиквичките во планот за вашата градина. Во следниот прилог малку за одгледување тиквички во вашата градина. Како до многу храна без многу проблеми.

    Кога да се засадат тиквички?

    Постојат различни видови тиквички, а се разликуваат по формата, бојата (жолта, зелена, светло зелена), големината и вкусот. Заедничко за сите е тоа што се растенија љубители на топлина кои не поднесуваат мраз и ниски температури. Најдобро е да се сеат кога температурите се околу 15-20 Целзиусови степени. Во континенталните области тоа е приближно крајот на април – почетокот на мај, во јужниот дел – почетокот на април. Тиквичките растат брзо и даваат многу плодови. Готови се за берба за околу 50 дена од сеидбата и можат да дадат до 5-6 килограми плод по растение.

    Otkup na kompiri

    Како да се засадат тиквички?

    Тиквичките можат да заземат многу простор во градината. Тие растат најдобро на директна сончева светлина. Затоа, подгответе место во вашата градина каде што е добро сончево и има богата хумусна глинеста почва. Важно е почвата да е добро дренирана. Идеален сооднос за зеленчукови градини е приближно 40% песок, 40% тиња и 20% глина. Значи, ако има премногу глина во почвата, додадете песок. Можете исто така да измешате компост во почвата, што ќе им помогне подобро да напредуваат.

    Кога температурата на воздухот е околу 20 степени, а почвата е загреана до околу 15 степени – имате температурни услови за садење и ‘ртење на семки од тиквички. Засадете ги семињата на растојание од 150 × 100 cm, во дупки со длабочина од (приближно) 2,5 cm. Доколку процените дека семето е со слаба проникливост, можете да ставите 3-4 семиња во истата дупка, а откако ќе никнат растенијата оставете го само она што ви изгледа најдобро.

    Пријатели на растенијата

    Размислете за садење тиквички во близина на “пријателско” растение. Можете да засадите и други зеленчуци како лук и грашок. Има многу придобивки од заедничкото садење, како што се подобрување на растот на растенијата, контрола на штетници и подобро искористување на просторот во градината.

    Одгледување тиквички

    Оптималната температура за раст и развој на растението е 22-28 степени. Редовно наводнувајте ги растенијата. Кога времето е постудено во пролет, полевајте околу еднаш неделно, зголемувајќи како што температурата се зголемува на два или дури три пати неделно.

    Компостирајте и прекријте ја почвата. Организмите кои живеат во компост (габи, бактерии), органски и био супстанции помагаат да се активира почвата. Ја стимулираат отпорноста на растенијата. Мулчирањето на горниот слој на почвата ќе ја одржи влагата. Не претерувајте со наѓубрување. Ако додадете премногу ѓубриво, тоа може да предизвика гниење на цветот или некои болести. Тиквичките се привлечни за штетниците, затоа користете природни или органски производи за заштита.

    agrounik
    Одгледување тиквички

    Окопување и плевење

    Тиквичките првпат се окопуваат кога растенијата ги добиваат првите трајни листови. Нанесете влажна и растресита почва на стеблото за да го поттикнете растот на непожелните корени. Плевењето на градината е важен чекор за правилно одржување и грижа за растенијата. Исчистувањето на плевелите треба да биде дел од вашата секојдневна градинарска рутина. Најдобро се прави наутро, кога почвата е влажна, а плевелот лесно се отстранува. Контролата на плевелот на овој начин може да го спречи развојот на болести, како што се пепелница и пламеница, кон кои се склони тиквичките.

    Рачно опрашување на цветовите

    Ако има недостиг од инсекти кои опрашуваат,цветовите отпаѓаат пред да вродат со плод, обидете се да ги опрашувате цвеќињата со рака. Ова вклучува идентификација на машките и женските цветови. Ќе ги препознаете многу лесно. Машкиот цвет е на долго тесно стебленце и прв цвета, а женскиот цвет во долниот дел има задебелување кое личи на плод, кое ќе се развие по оплодувањето. Откако ќе се отворат цветовите, нежно втријте го поленот од машкиот цвет на стигмата на женскиот цвет.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Берба на тиквички

    Кога тиквичките ќе стигнат до зрелоста – тие се подготвени за берба. Идеалната должина на ткивото е околу 12-15 см (во зависност од сортата). Ако се остави да прерасне, може да го изгуби вкусот. За берба, користете остри алатки, како ножици или мало ноже, за да го одделите плодот од дршката. Оставете околу 5 см стебло на плодот. Редовно берете ги, бидејќи честото берење ги поттикнува растенијата да формираат нови цветови и да даваат повеќе плодови.

    Што се однесува до готвењето во кујната, има неколку јадења што можете да ги приготвите за појадок, ручек и вечера, како што се добро познатите полнети тиквички, мусака, пире, плескавици од тиквички, печени во рерна, со јајца итн…

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img