Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-5.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро советиИнсектицид и ѓубриво од коприва

    Инсектицид и ѓубриво од коприва

    petel baner

    Инсектицид и ѓубриво од коприва – Копривата се повеќе се користи во органското производство. Може да се користи како ѓубриво или како инсектицид. Како да ги подготвите?

    Ѓубриво од коприва

    Чајот од коприва се користи како течно азотно ѓубриво и има многу позитивно влијание врз култивираните растенија, преку стимулирање на растот, производството на хлорофил, зајакнување на отпорноста на растенијата во стресни услови, како и на болести и штетници.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Ѓубривото се подготвува така што стебленцето и листот од копривата се сечкаат, се ставаат во дрвен или пластичен сад и се додава вода, но не до врвот (бидејќи масата се пени). Пожелно би било водата за полнење да биде дождовница. Доколку нема услови за нејзино собирање може да се користи и застоена вода. Садот се остава да отстои на сонце, масата се меша барем еднаш дневно. Ѓубривото е готово после 15 дена кога ќе добие темна боја и повеќе не се пени. Ѓубривото може да се користи со наводнување на почвата околу растенијата или листовите. Доколку се користи за полевање, се разредува со вода во сооднос 1:10, а доколку се користи фолијарно, пред употреба мора да се цеди и да се разреди со вода во сооднос 1:10 до 1:25.

    Инсектицид од коприва

    Копривата може да се користи и како инсектицид во форма на чај или екстракт. Чајот се прави така што се сечкаат 1 кг коприва и 1 кг пелин, се прелеваат со 8 литри врела вода, се остава да отстои најмалку половина час. Потоа се цеди, се лади и може да се користи за прскање на заболените растенија.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Екстракт од коприва

    Екстрактот од коприва може да се користи за прскање против вошки. Се подготвува така што 1 кг сечкана коприва (стебло и лист, без семки) се прелива со 9 л вода (по можност дождовница) се остава да отстои 24 часа со повремено мешање. Пред употреба, екстрактот се филтрира и може да се користи за прскање заразени растенија без разредување.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img