Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Tuesday, April 23, 2024

More
    домаситеАјдучка трева - лекува уште од праисторијата

    Ајдучка трева – лекува уште од праисторијата

    petel baner

    Ајдучка трева расте на ливади и пасишта, покрај патишта, па и до 2500 метри надморска височина. Растението е лесно достапно и се користи за медицински цели уште од праисторијата.

    Agrobot

    Ајдучка трева е повеќегодишно тревесто растение. Може да порасне до висина од 1 метар, а гранките се само во горниот дел. Тоа е автохтоно растение од Европа, Азија и Северна Америка. Се користи во народната но и во официјалната медицина.

    Лековитите својства на ајдучка трева се познати уште од праисторијата, за што сведочат наодите од нејзиниот полен во гробниците на неандерталците. Го добила ова име, бидејќи токму со ова растение ајдуците си ги лекувале раните. Научното име Achillea се поврзува со Ахил, кој со ова растение ја излечил раната на Телеф.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Придобивки од Ајдучка трева

    Лековити се надземниот дел од растението во цветање или самите цветови. Содржи многу лековити својства, а нејзиното етерично масло има антиоксидантно и антимикробно дејство. Подеднакво делува на бактериите и габите. Има силно дејство против стафилококи, ешерихија коли, кандида и други.

    Традиционално се користи за стомачни проблеми, при варење, против грчеви и надуеност, а поволно делува и на зголемување на апетитот. Доколку се користи за надворешна употреба (на кожа), го забрзува запирањето на крварењето и зараснувањето на раните, го ублажува чешањето и има антиинфламаторно дејство. Се препорачува и за ублажување на ревматски проблеми.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img