Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

6.8 C
Skopje
Saturday, April 27, 2024

More
    домаАгро советиПаметна градина - Без плевење и прекопување

    Паметна градина – Без плевење и прекопување

    petel baner

    Некои градинари се борат со почвата: или е премногу влажна, или е премногу пропустлива, „расипана“, уништена од премногу сеење, загадена. Подигнатите леи се паметно решение кое секој може да го направи. Направете си сами паметна градина која ќе ви го даде токму она што ви треба.

    Покрај тоа што ќе добиете плодна земја за сеидба, подигнатите леи ќе ве спасат од плевење, копање и штетници.

    Како да направите подигнати леи или градинарски кревети?

    Вреќи со песок

    Направете леи користејќи вреќи со песок. Добиената леа наполнете ја со отпад (кора од јаболко, кора од банана, лушпи од јајца, моркови, талог од кафе), а одозгора ставете слој земја – компост. Засадете ги саканите садници.

    Agrobot

    Трупци

    Леи може да се подигнат и да се направат од трупци. Важно е да се прегради така што почвата „да не истекува“ од страна кога ќе почнете да ја наводнувате градината. Најдобро е да направите леи колку што сакате за да засадите различен зеленчук. На пример, едната нека биде за кромид, другата за салати и спанаќ итн.

    Даски

    Ако сте граделе некаков објект, веројатно ви останал многу материјал. Од штиците што се користле за малтерисување сега може да се направат подигнати леи.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Паметна градина
    Паметна градина

    Бетонски леи

    За оние кои сакаат да планираат градина, можат да ги бетонираат леите, како што за цветните леи. Сите видови зеленчук убаво ќе растат во бетонски леи, а меѓу нив нема да има кал и плевел.

    Препорачливо е да се направат леи од даски или некој материјал кој може да се растури и по некое време повторно да се направи. На овој начин ќе ја промените почвата и ќе добиете најквалитетно органско ѓубриво во нив, додека вашиот зеленчук ќе цвета и ќе расте повеќе отколку во обичните градини.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img