Рецепт за полжави – секој си има свој рецепт и свој начин како ги подготвува полжавите.
Ова е еден од начините:
ПОДГОТОВКА:
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 80 минути
- Полжавите ставете ги во тенџере на оган, прелијте ги со вода и варете ги околу половина час
- Оваа постапка повторете ја во 3 води.
- Откако полжавите ќе се сварат, исцедете ја водата, извадете ја кожичката и извадете ги од куќичката со чечкалица, игла или со некоја жичка.
- Исечете ги главата и опашката, измијте ги и оставете ги да отстојат во оцет половина час.
- Кромидот пропржете го на масло, додајте малку брашно и црвен пипер. Промешајте и уште малку пржете.
- Потоа додајте вода, сол и ставете ги полжавите. Варете ги уште 10-тина минути.
Пржени полжави со црвен пипер што може да ги послужите со свежа сезонска салата или сос по желба.
Рецепт за полжави
Полжавите може да се наредат и на стапчиња за ражничи и да се печат на скара замотани со сланина.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.