домаАгро ВестиИсплатени близу 112 милиони денари субвенции за млекарите

Исплатени близу 112 милиони денари субвенции за млекарите

Pneumatik baner

Околу 112 милиони денари субвенции за млекарите денеска се исплатени за произведено и предадено млеко. Се офајдија 5.664 млекопроизводители.

Денеска на сметките на 5664 млекопроизводители, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  исплати вкупно 111.581.789 денари за произведено и предадено млеко.

Тигар лого гиф
Семенарна хоризонтален банер

Станува збор за исплата на средства од мерката 2.3 – директни плаќања за произведено и предадено кравјо, козјо и овчо млеко.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Корисници на оваа финансиска поддршка се производителите на кравјо , овчо и козјо млеко кои сопственото производство го имаат предадено на регистриран откупувач за сирово млеко во периодот од октомври – декември 2020 година.

petel baner

Сточарите кои имаат произведено кравјо млеко добиваат финансиска поддршка од 3,5 денари по предаден литар млеко додека 4,5 денари по литар добиваат сточарите кои произвеле и предале овчо и козјо млеко на преработувачки капацитети.

Продолжуваме со финансиската поддршка во млекопроизводството како државен стимул за постигнување на повисока откупна цена и оддржување на благосостојбата во сточарството како сектор кој има голем удел во земјоделството и македонската економија.

За повеќе корисни стории посетете ги рубриките агро вести, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img