Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиЦрната пегавост е се поприсутна во лозјата

    Црната пегавост е се поприсутна во лозјата

    petel baner

    Ескориозата или црната пегавост на виновата лоза е особено честа во региони со постудена и повлажна пролет, каде растот на ластарите е малку побавен, па можноста за заразување е поголема.

    Во последниве години, црната пегавост ( Phomopsis viticola ) е сè поприсутна во лозјата. Болеста е препознатлива по изветвена сиво-сребрено стебленце со црни точки. Овие симптоми се отстрануваат при резидбата. 

    Otkup na kompiri

    Ескориозата или црната пегавост е особено честа во региони со постудена и повлажна пролет. Овде растот на ластарите е малку побавен, па можноста за заразување е поголема. Производителите често ја занемаруваат ескориозата со тоа што се фокусираат на пламеницата, особено при првите хемиски третмани. Инфекцијата со овој патоген обично се јавува со зголемување на температурата над 10 ° C. 

    „ Во микролокалитети каде виновата лоза е во фаза на развој на волнената пупка, потребно е да се изврши превентивна заштита со некој од препаратите на база на бакар, регистрирани за оваа намена.”

    Први симптоми

    Симптомите се појавуваат првенствено на ластарите, особено на првите две – три меѓујазли. Се појавуваат темни лезии и пеги кои пукаат поради растот на ткивото. Многу брзо на почетните меѓујазли се појавуваат пукнатини и красти на ластарите. Тие заостануваат во растот и развојот, па на нив се формира значително помала количина на гроздови.

    agrounik

    Доколку се зарази целата лоза, нема да може да развие квалитетни ластари во следната вегетација, па не се постигнува посакуваниот принос.

    Понатаму, симптомите се појавуваат на листовите во вид на мали светли точки со црна дамка во средината. На листот може да се формираат голем број дамки кои постепено се спојуваат. Дамките многу брзо некротизираат, поради што листот има значително намалување на асимилациона површина и не може да ги нахрани формираните гроздови, па се добива принос со значително послаб квалитет. Тие не се појавуваат толку често на гроздовите. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Помал принос

    За оваа болест се вели дека е болест на денешниот начин на одгледување, болест со висок стандард, што значи дека ја има во негуваните и нахранети лозја. Кога е присутна, лесно се шири преку дождот и инсектите. Во раната пролет, во фазата на пупки, инфекцијата се шири со спори (пикнидија), а нападот трае до јуни.

    Оваа болест кај лозјата може да предизвика загуби од 10 до 15 проценти при намалени приноси до целосна загуба на посилно заразените лози. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img