Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

More
    домаАгро ВестиСветските цени на храната никогаш поголеми

    Светските цени на храната никогаш поголеми

    petel baner

    Според последниот извештај на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), светските цени на храната во март достигнаа највисоко ниво досега. Поскапеа основните житарки и растителните масла.

    Индексот на цените на храната пресметан од ФАО во март во просек изнесуваше 159,3 поени. Тоа е зголемување од 12,6 отсто во однос на февруари. Тогаш го достигна највисокото ниво од 1990 година, во споредба со март 2021 година година забележа скок од цели 33,6 отсто. Индексот ги следи месечните промени на меѓународните цени во кошница од пет основни прехранбени производи со кои се тргува.

    Otkup na kompiri

    Цените на житариците се зголемија за 17,1 отсто на месечна основа во март. Зголемувањето е поттикнато од растот на цените на пченицата и на сите главни житни култури, најмногу поради војната во Украина. Русија и Украина заедно во последните три години учествуваат со околу 30, односно 20 отсто во светскиот извоз на пченица и пченка.

    Пченицата минатиот месец беше поскапа за 19,7 отсто отколку во февруари, поради загриженоста за состојбата со посевите во САД. Додека пак цената на пченката порасна за 19,1 отсто на месечно ниво, достигнувајќи рекордно високо ниво заедно со јачменот.

    Спротивно на тоа, цените на оризот, во зависност од регионот и квалитетот, благо варираат во однос на февруари. На годишно ниво пак и понатаму се намалуваат за 10 отсто.

    Се зголемуваат и цените на маслото за јадење

    Цените на растителните масла се зголемија за 23,2 отсто во март. Ова е поттикнато од повисоките цени на сончогледовото масло, од кои Украина е најголем извозник во светот.

    Цените на палминото, соиното и маслото од репка, исто така, значително се зголемија како резултат на повисоките цени на сончогледовото масло и суровото масло. Цените на маслото од соја беа дополнително зголемени поради загриженоста за понискиот извоз од Јужна Америка.

    Котациите на шеќер на глобалниот пазар се зголемени за 6,7 отсто во однос на февруари. Со тоа се смени неодамнешниот надолен тренд, а во однос на март 2021 година се повисоки за 20 отсто. Повисоките цени на суровата нафта придонесоа за оваа состојба.

    Што е со цените на месото?

    Цените на месото се зголемија за 4,8 отсто во март, достигнувајќи го највисокото ниво во историјата, предводено од растот на цените на свинското месо. Ова се должи на недостигот на свињи за колење во Западна Европа. Глобалните цени на месото од живина исто така пораснаа поради падот на залихите во земјите кои се водечки извозници по избувнувањето на птичјиот грип.

    Светските цени

    Млекото и млечните производи

    Што се однесува до млекото и млечните производи, нивните цени се зголемија за 2,6 отсто на месечна основа во март и за 23,6 отсто на годишно ниво. Цените на путерот и млекото во прав нагло скокнаа поради зголемената побарувачка за увоз, особено во Азија.

    Прогноза

    Во посебен извештај, ФАО даде нова прогноза за глобалното производство на пченица во 2022 година. Сега предвидува принос од 784 милиони тони, што е за 1,1 отсто повеќе од минатата година.

    agrounik

    Заокружувајќи го извештајот за производството на жито во 2021 година, агенцијата на ОН процени дека глобалното производство изнесува 2.799 милиони тони. Тоа е малку повисоко од 2020 година, при што производството на ориз достигна највисоко ниво од 520,3 милиони тони.

    Глобалната потрошувачка на житни култури во 2021/22 година е проектирана на 2,789 милиони тони.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Глобалните залихи на жито се предвидува да се зголемат за 2,4 отсто оваа година од основните нивоа. Главно поради повисоките залихи на пченица и пченка во Русија и Украина поради помалиот извоз од планираниот.

    Според ФАО, глобалните резерви на жито ќе бидат 29,7 проценти во 2021/22 година, што е занемарливо пониско од претходната година и сè уште е релативно удобно ниво на понуда, се вели во извештајот објавен на веб-страницата на ФАО.

    За повеќе корисни стории посетете ги рубриките агро вести, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img