Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

11.8 C
Skopje
Tuesday, April 23, 2024

More
    домаАгро советиШаренило на листовите од цреша

    Шаренило на листовите од цреша

    petel baner

    Иако првпат е опишан на црешите, вирусот шаренило на листовите на цреша (CMLV) се јавува и кај праските, а постои можност да се заразат и други видови од родот Prunus.

    Вирусот се одржува во заразени дрвја и се шири со калемење и инфициран саден материјал.

    Agrobot

    Во текот на вегетацијата се шири преку грината Eriophyes inaequalis.

    Вирусот шаренило на листовите од цреша предизвикува неправилна хлоротска разновидност и деформација на листовите, при што промените се најизразени на горните листови. Растот на младите е намален, а поради скратување на меѓујазлите може да настанат розети. Симптомите на повисоки температури остануваат маскирани.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    На заразените дрвја се формираат мали и невкусни плодови, а докажано е дека кај праските предизвикува краста на плодовите.

    Мерки за заштита од “шаренило на листовите”

    Уништувањето на заразените дрвја и производството на здрав саден материјал се основните мерки на заштита. Сузбивање на векторите придонесува за спречување на ширењето. Дивиот вид Prunus, P. emarginata, е основно живеалиште на векторот и се верува дека уништувањето на овие растенија може да придонесе за намалување на вирусните инфекции.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img