Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаситеДали знаете што е поздраво: Туна или сардина?

    Дали знаете што е поздраво: Туна или сардина?

    petel baner

    Не смееме да претеруваме со конзумацијата на риба, бидејќи во рибата ја има и живата. Овој отровен метал се акумулира во рибата, која најпрво била апсорбирана од фитопланктон или алги. Но, дали сте знаеле што е поздраво, Туна или Сардина?

    Рибата е една од најздравите намирници, чие конзумирање може да го намали ризикот од срцеви заболувања, но и да помогне во здравјето на мозокот. Живата ја внесуваат алгите за време на нивниот оброк, што подоцна е храна за поголемите риби. Синџирот на исхрана е прецизен и со текот на времето, сите животни во морето може да содржат жива. И поради тоа, прекумерното внесување на морска храна и риба ја зголемува можноста и ние да го апсорбираме овој метал. Ниската изложеност на жива не претставува голем ризик за здравјето. Но, ако го има премногу во човечкото тело, предизвикува труење, што може да резултира со оштетување на слухот, видот, но и да влијае на координацијата. Овој токсичен метал потенцијално може да го оштети човечкиот централен нервен систем. Поточно мозокот и ‘рбетниот мозок. Поради такво оштетување може да настанат главоболки, но и болки во мускулите.

    Неделно се дозволени најмногу 1,6 μg жива по килограм телесна тежина. На пример, туната содржи околу 30 μg жива во 100 g, конзервирана, додека сардината со иста тежина содржи околу 10 пати помалку жива. 

    Туна или Сардина?

    Се покажа дека  сардините содржат повеќе витамин Е  од туната, како и калциум . Витаминот Е, освен што е одличен за циркулација, е и антиоксиданс. Калциумот ја подобрува функцијата на нервите, помага во функционирањето на клетките и ги зајакнува коските. Доколку во текот на денот се изедат 170 g сардина, телото ќе се обезбеди со околу 3,5 mg витамин Е, што е 23% од препорачаната дневна доза на овој витамин.

    За да се внесе оваа количина на витамин Е од туната, потребно е да се изеде 340 гр туна. Исто така, една порција сардина содржи околу 650 мг калциум или 65 отсто од потребната мерка во текот на денот, додека една порција туна има само 22 мг калциум.

    Витамин К

    За разлика од витаминот Е,  во туната има повеќе витамин К. Овој витамин е многу важен во процесот на згрутчување на крвта, како и за градење на ‘рскавицата и коските. Една порција туна содржи околу 75 µg витамин К (околу 60 проценти од препорачаната дневна доза), а една порција сардина само 4,4 µg. Ако преферирате сардини, јадете ги со кељ, зелка, спанаќ или брокула, бидејќи овој зеленчук е богат со витамин К.

    Салата од туна, моркови и јајца

    Потребни:

    2 тврдо варени јајца, 1 шолја варени моркови, 1/4 шолја варен грашок, половина авокадо, малку рендан пармезан, 100гр туна.

    Agrobot

    За преливот:

    Маслиново масло, сок од лимон, сол и бибер.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Подготовка:

    Сите овие јадења лесно се подготвуваат – исцедете ја туната и истурете во сад, измешајте со морковот. Додадете сечкани јајца, грашок и пармезан. Измешајте ги состојките за преливот и прелијте со туната. Можете да изрендате и пармезан на крајот, за поинтересен изглед.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img