домаАгро советиАминокиселини за безбедни приноси

Аминокиселини за безбедни приноси

Pneumatik baner

Аминокиселини – Препаратите со аминокиселини влегоа во речиси редовна употреба во последните години. Најмногу во овошјето и зеленчукот, а поради нивното позитивно дејство и разумната цена во растителното производство.

Одредувачки фактор за употреба на препарати со аминокиселини е секако позитивниот ефект што го покажува врз растенијата. Во фолијарна прихрана, добро се комбинира со хербициди и им помага на растенијата полесно да го надминат стресот од неповолните временски услови и заштитните третмани. Може да се користи сам во доза од 1 l/ha или по препорака на производителот, а преку земјиштето дозата е околу 5 l/ha.

Тигар лого гиф
Семенарна хоризонтален банер

Аминокиселини во одгледувањето растенија

Го намалува стресот кај растенијата предизвикан од неповолните временски услови и заштитните третмани. Посебно треба да се споменат аминокиселините чија употреба се препорачува во текот на сезоната на растење. Со нивна употребата се постигнува подобра апсорпција на азот и подобар транспорт на микроелементите (Fe, Zn, Mn, Ca, B и Mo). Подобрата апсорпција на хранливите материи преку корените, обезбедува извор на органски јаглерод и азот и ја поттикнува ензимската активност. Исто така и подобро инкорпорирање на азот во протеините. На овој начин со фолијарното прихранување се зголемуваат приносите, подобар развој на кореновиот систем, раст на растенијата и зголемена отпорност на неповолни временски услови.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Употребата на аминокиселини досега беше поврзана со решавање на шокот што растението го преживеало. Првенствено мраз, суша или временски непогоди како град. Градот е честа појава и потребно е веднаш после градот да се нанесат аминокиселини и да се помогне растението да ги залечи дадените рани. Се разбира, се препорачува употреба на фунгициди со цел да се спречи болеста. На пазарот има голем број на препарати со аминокиселини. Потребно е да се избере вистинскиот за одредена ситуација или стрес.

petel baner

Аминокиселини добиени по природен пат

Аминокиселините добиени по природен пат, со разградување на протеините од растително и животинско потекло, се од големо значење за зајакнување на растенијата и градење одбранбени клеточни структури во стресни ситуации. Тие играат одлучувачка улога во производството на одбранбени протеини и во синтезата на растителниот хормон ауксин. Со нивното прскање растението директно ги впива, со што се скратува времето на нивната природна синтеза. Во случај на град во овоштарник и лозје, тие се незаменливи. Со прскање на аминокиселини растението закрепнува по само еден ден.

На раните се формира калус кој го спречува навлегувањето на габични заболувања каде растението е најчувствително. Ја поттикнува синтезата на хормонот ауксин, така што растението продолжува да гради нови органи без оглед на стресот.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img