Купувањето квалитетни, силни и здрави садници секогаш нуди голема предност. Здравите растенија побрзо ќе се вкоренат во почвата и ќе бараат помала грижа. Покрај тоа, колку побрзо растенијата се вкоренат во градината, толку побрзо ќе почнат да цветаат и да даваат плод.
Сепак, купувањето садници може да претставува мака. На прв поглед, растенијата може да изгледаат здрави, но всушност постои проблем. Затоа е важно да ги прегледате растенијата кога одите во расадник или кога ги нарачувате. Подолу се дадени совети за тоа што да проверите кај садниците пред да ги засадите растенијата во вашата градина.
Како да препознаете квалитетни, здрави садници
Доколку сте решиле да одите директно во расадникот, прошетајте и погледнете ја понудата. Дали повеќето растенија изгледаат здраво и негувано? Ако во еден дел има многу овенати растенија, големи се шансите другите растенија да не се згрижени доволно.
Проверка на надземниот дел од садниците
Листови: Погледнете ја лисната маса на растенијата кои ве интересираат. Дали листовите се зелени, сјајни и бујни? Дали има нови, млади листови? Треба да се избегнуваат садници чии листови се лабави (жедни) и жолти или кафени. Овие растенија се под некаков стрес и постои можност да не се опорават. Ова е особено важно кога купувате годишен зеленчук и билки. Многу е можно да немаат време да се опорават, по дополнителниот стрес што ќе го доживеат додека ги носите во градината. Всушност, тие би можеле да поминат еден месец или повеќе во опоравување.
Облик на растението: Обрнете внимание дали растението е компактно, со повеќе стебла. Кај младите растенија, колку е повисоко, толку е подобар расадот и ќе имате здрави садници. Ако стеблото е високо, тенко и вретеново, тоа може да значи дека дошло до издолжување на садниците. Освен што растението е под стрес, можеби никогаш нема да се разгранува правилно и може да пропрадне, на пример, тенко стебло може да се скрши под налетите на ветрот) и сигурно ќе произведе помалку пупки и цветови.
Инсекти и болести: Внимателно проверете го растението и садот за знаци на оштетување од инсекти или болест. Проверете ги двете страни на листовите. Обрнете посебно внимание на пазувите, каде листот се спојува со стеблото, бидејќи тоа е местото каде што најчесто можете да ги забележите штетниците како што се растителните вошки. Знаците може да бидат поцрнети површини, дупки или дамки на листовите, каллива почва, лепливост, искривување… Ако забележите дека растението е исечено (листовиа, стебла), може да укаже дека било нападнато и е исечено само за да изгледа поздраво.
Пупки и цветови: Садниците не треба да цветаат. Иако изгледа примамливо да се купи зеленчук кој веќе почнал да цвета, растенијата кои имаат мали пупки, но не почнале да цветаат подобро ќе го толерираат пресадувањето.
Проверка ги корените на расадот
Ова е всушност најважниот дел, бидејќи е скриен. Коренот е толку важен што не може доволно да се нагласи. Кореновиот систем го држи растението на место. Пренесува и вода и неопходни хранливи материи, односно го храни растението. Не е тешко да се препознае здрав корен, кога знаете што да барате.
Проверето го дното на садот
Прво погледнете го дното на садот. Ако видите дека корените ги пробиле дренажните дупки, тоа значи дека расадот поминал премногу време во саксијата (контејнерот). Овој вид на расад е уште потешко да се извади од садот. Ако случајно купите таков расад, имајте на ум дека мора веднаш да го пресадите во земја.
Ако корените не излеглегуваат низ дренажните дупки, отстранете го растението. Искусните градинари секогаш на овој начин ги проверуваат растенијата. Се разбира, растението треба внимателно да се отстрани за да не се оштети.
Навалете го растението на страна. Поставете дел од стеблото директно над земјата помеѓу два прста и нежно извлечете го од садот. Здравите корени треба да бидат бели, сочни, многубројни и доволно долги за да ја држат почвата во форма на саксијата во која се наоѓаат. Ако некои врвови на коренот се видливи, тие треба да бидат бели.
Ако видите густа маса од испреплетени бели корени околу работ на земјата што не оставаат многу простор за земјата, треба да избегнувате такво растение, ако е можно. Екстремниот раст на коренот може да се појави поради неколку причини, а ниту една од нив не е добра. Причината може да биде недоволно внесување на хранливи материи или вода додека расадот расте. Потоа, затоа што престојувал предолго во саксијата итн.
Ако корените се кафеави и ронливи, тоа значи дека растението не е здраво. Такво растение, исто така, не треба да се купува.
Ако корените се многу мали и не ја задржуваат формата на почвата, садниците не се доволно “стасани”. Растението е здраво, но е премногу младо и не е подготвено за пресадување. Таков расад може да се купи, ако имате намера да го чувате во саксија некое време.
Дополнителен совет
Се почесто се нарачуваат садници и се доставуваат до курирски служби. И тогаш можете да ги прегледате растенијата и да имате право да вратите и замените сè што ќе забележите дека е лошо. Исто така, имајте на ум дека растенијата биле под стрес дедека да дојдат до вас, па можеби имаат опуштени листови, но треба брзо да закрепнат и да добиете здрави садници.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.