Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

19.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

More
    домаситеЧили пиперка може да ви го продолжи животот?

    Чили пиперка може да ви го продолжи животот?

    petel baner

    Покрај тоа што дава зачинет вкус на оброците, една студија покажува дека црвената чили пиперка потенцијално може да го продолжи животот. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат чили пиперка можат да живеат подолго од оние кои не јадат.

    agrounik

    Црвената чили пиперка има здравствени придобивки бидејќи содржи антиинфламаторни, антиоксидантни и антидијабетични својства. Овие придобивки се поврзани со активната состојка која се наоѓа во чили пиперката. Тоа е состојката наречена капсаицин, која е одговорна за специфичниот зачинет вкус.

    Otkup na kompiri

    Истражувачите проверуваа над 4.000 објавени студии со повеќе од 500.000 учесници. Ги анализираат ефектите кои чили пиперките ги имаат врз нив. Наодите откриле дека луѓето кои редовно конзумирале чили пиперки имале 26% намален ризик од смрт од кардиоваскуларни болести и 23% од рак.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сепак, потребни се повеќе истражувања

    Постојат бројни студии за придобивките од чили пиперките. Но, сепак истражувачите не се сигурни за врската помеѓу нив и пониските стапки на смртност. Студијата не го посочи бројот на чили пиперки кои најчесто се конзумираат. Колку често и која одредена сорта може да ги обезбеди горенаведените здравствени придобивки. Поради оваа причина, потребни се дополнителни истражувања за да се потврди и поддржи студијата. Но, бидејќи чили пиперките обично се додаваат во јадењата, нема штета да се јаде, имајќи предвид дека се конзумираат умерено.

    Некои претходни истражувања покажаа дека чилито, плодот на разни тропски видови пиперка, но и некои европски, како храна може да има антиинфламаторно, антиоксидантно, антиканцерогено дејство, како и благотворно регулирање на нивото на холестерол и триглицериди во крвта.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img