Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеЛоворов лист во ракија или маслиново масло

    Ловоров лист во ракија или маслиново масло

    petel baner

    Ловоровиот лист долго време се користи како зачин, но и како лек, пред се поради неговото антисептично и антиинфламаторно дејство. Богат е со витамини од групата Б (рибофлавин, пиридоксин, ниацин и пантотенска киселина). Тие помагаат за подобро функционирање на нервниот и мускулниот систем. Позитивно влијаат на метаболизмот, хормоналниот систем. Ловорот содржи многу минерали: калиум, бакар, манган, калциум, селен, железо, магнезиум и цинк. Ловоров лист во ракија или маслиново масло успешно лечи многу здравствени проблеми, а кои од нив дознајте ги во продолжение.

    Ловоров лист во ракија

    Ја ублажува болката

    Силното аналгетско дејство на етеричното масло од ловор го прави речиси незаменлива состојка во терапијата за болка. Ловорот се користи и против главоболка бидејќи содржи партенолиди, супстанции кои благотворно делуваат при мигрена.

    Otkup na kompiri

    Лековити својства на ловорови бобинки

    Ова растение успешно се бори и со ревматизмот, а болките во зглобовите лесно можете да ги отстраните со облога од ловорово масло кое лесно можете да го направите сами. Во аван изгмечете 20 гр свежи (зрели) ловорови бобинки и варете 15 минути во еден литар зовриена вода. Добиениот сок процедете го преку ленена крпа и оставете да се излади. Извадете го маслото од површината и измешајте го со една лажичка несолена маст. Добиената смеса добро измешајте ја и чувајте ја во стаклена или пластична тегла. Втријте на болното место, во тенок слој, два до три пати на ден.

    Ако страдате од болки во мускулите, направете свој еликсир

    Потребно:

    • 30 грама свеж ловоров лист
    • 3 dl ракија (најмалку 60% алкохол)

    Ловоровиот лист ситно исечкајте го и ставете го во шише со поширок отвор и прелијте го со ракијата. Чувајте го добро затворено десет дена (на топло место). Потоа процедете.

    Помага при неправилни израстоци на стапалата

    Со оваа храна можете да ги лекувате и болните израстоци на нозете, односно испакнатините. Земете пет големи ловорови листови, исечкајте ги и прелијте со 100 мл 70% алкохол (или домашна ракија). Оставете да отстои една недела, па процедете. Добиената смеса намачкајте ја на израстоците, но пред тоа добро попарете ги стапалата во топла вода (3 литри вода и една лажица сода бикарбона). Потоа избришете ги стапалата, размачкајте, облечете кратки памучни чорапи и легнете.

    agrounik

    Ловоров лист и маслиново масло

    Потребни состојки:

    • 30 грама ловоров лист
    • 250 мл маслиново масло

    Начин на подготовка:

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Изгмечете ги ловоровите листови и прелијте ги со маслиновото масло. Смесата ставете ја во стаклено шише, затворете ја добро и оставете ја да отстои на темно и ладно место 14 дена. Протресете ја содржината на шишето од време на време. По 2 недели, процедете го маслото низ газа и префрлете ја течноста во друг сад. Чувајте го добиеното заливно масло во ладна просторија.

    Ловоровото масло може да го замени аспиринот, бидејќи може да ја намали зголемената телесна температура. Помага и за ублажување на болките во желудникот и цревата, ја нормализира функцијата на црниот дроб и бубрезите и го подобрува апетитот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img