Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро советиЗачини кои можете да ги одгледувате на балконот

    Зачини кои можете да ги одгледувате на балконот

    petel baner

    Прочитајте кои зачини најмногу се одгледуваат на балконот и какви услови им се потребни за да растат.

    Ви ги претставуваме најбараните зачини кои можете да ги одгледувате на балконот

    Власец

    Ова е незаменлив зачин во многу јадења, но се користи и за украсување јадења. Садниците треба да се садат напролет, на сончево место и да се засадат на растојание од 25 см. Власецот е многу лесен за одгледување. Тоа е повеќегодишно растение со низок раст, кое има украсен цвет. Ова растение се бере во фаза на раст, со сечење на листовите. Може да се користи свеж, сушен или замрзнат. 

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Рузмарин

    Рузмаринот е ароматично растение кое често доминира во јадењата. Ова растение најдобро се сади во пролет, на сончево место. Ако добро се прилагоди на условите, може да расте со години. Растојанието за садење треба да биде 75 см ако планирате да имате повеќе рузмарин во градината.

    Босилек

    Босилекот е растение кое се сее од семе и е нешто понапорно од другите билки. Ова растение најдобро би било да се одгледува во саксија. Имајте на ум дека се сее во пролет и бара сончево место и многу влага. Затоа е потребно редовно да го полевате, за да биде здраво и да ви даде квалитетни листови.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Магдонос

    Најпознатиот зачин на балконот е дефинитивно магдоносот. Тоа е едногодишно растение, кое се одгледува од семе, а тоа се прави на пролет. Се сее на длабочина од 1 cm, а растојанието е 5 cm. Листовите од магдонос често служат како декорација за јадења. Преферира сончево место, но може да толерира делумна сенка. Сака влага и треба редовно да се наводнува.

    Жалфија

    Тоа е ниска грмушка, која во идеални услови може да трае долго. Доколку напролет садите жалфија, најдобро би било да набавите млади садници. Се сади до длабочина од 1 см, а растојанието треба да биде 60 см. Листовите од овој зачин на балконот, можете да ги берете кога сакате.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img